9 домашни растенија кои можат да преживеат со малку вода


9 домашни растенија кои можат да преживеат со малку вода

Можеби растенијата кои ги чуваме дома не се така чувствителни како нашите миленици, но сепак и тие имаат потреба од внимание и грижа.

za-tie-sto-zaboravaat-9-domasni-rastenija-koi-moze-da-preziveat-bez-voda-01.jpg

Мора да признаеме дека и покрај минималните побарувања, понекогаш забораваме дека треба да им ставиме вода, па често се случува да овенат и да се исушат.

За тие кои се пронајдоа во претходната реченица, ова се растенија кои можете да ги чувате дома и кои се малку повеќе отпорни на вашето заборавање за полевање со вода.

Сепак, имајте на ум дека иако овие растенија се „потолерантни“ кон вашата заборавеност, тоа не значи дека тие може да преживеат без вода.

1. Aloe

Ова растение треба да се наводнува умерено и многу внимателно, и тоа во летните месеци еднаш неделно, а преку зима само еднаш месечно. Дури и во лето ако забележите дека почвата е влажна, не додавајте многу вода.

za-tie-sto-zaboravaat-9-domasni-rastenija-koi-moze-da-preziveat-bez-voda-02.jpg

2. Zamioculcas

Уште едно растение кое има потреба од наводнување само еднаш неделно, бидејќи ако има премногу вода тоа ќе предизвика венеење на лисјата и гниење на корените. Затоа ако забележите дека почвата е влажна а поминала една недела почекајте 1-2 дена, па додадете вода. Во есен и зима наводнувајте го 1-2 пати месечно.

za-tie-sto-zaboravaat-9-domasni-rastenija-koi-moze-da-preziveat-bez-voda-03.jpg

3. Spurge

Во пролет и лето наводнувајте кога ќе забележите дека почвата е речиси сува, а кога ќе застуди намалете го уште повеќе времето меѓу наводнувањата, односно ставете вода дури кога ќе забележите дека почвата целосно се исушила.

za-tie-sto-zaboravaat-9-domasni-rastenija-koi-moze-da-preziveat-bez-voda-04.jpg

4. Epipremnum

Во текот на пролет и лето наводнувајте го на секои 4-5 дена со вода на собна температура, додека во зима намалете ја фреквенцијата на една недела.

za-tie-sto-zaboravaat-9-domasni-rastenija-koi-moze-da-preziveat-bez-voda-05.jpg

5. Beaucarnea recurvata

Ова е едно од растенијата кое навистина нема да ви замери на заборавеноста, односно треба да го наводнувате на секои 20-30 дена, бидејќи вишокот вода може да доведе до гниење на растението.

za-tie-sto-zaboravaat-9-domasni-rastenija-koi-moze-da-preziveat-bez-voda-06.jpg

6. Kalanchoe

Ова цвеќе ја акумулира влагата во листовите, што му овозможува поголема издржливост. Наводнувајте го на секои 5-6 дена, но ако забележите дека почвата сè уште е влажна почекајте уште 1-2 дена.

za-tie-sto-zaboravaat-9-domasni-rastenija-koi-moze-da-preziveat-bez-voda-07.jpg

7. Podocarpus

Ова зимзелено растение е уште едно од оние кои многу малку имаат потреба од вода. Во лето има потреба од умерено наводнување на 5 дена, а во зима тоа треба да се намали уште повеќе.

za-tie-sto-zaboravaat-9-domasni-rastenija-koi-moze-da-preziveat-bez-voda-08.jpg

8. Sansevieria trifasciata

И ова малечко растенија ја акумулира и складира водата во листовите, па затоа внимавајте да не претерате со наводнувањето. Кога ќе забележите дека почвата е сосема сува, тоа е знак дека му е потребна вода.

za-tie-sto-zaboravaat-9-domasni-rastenija-koi-moze-da-preziveat-bez-voda-09.jpg

9. Crassula

Доколку летните температури се многу високи наводнувајте го двапати неделно, во спротивно доволно е и еднаш неделно. Она на што треба да внимавате е почвата да не биде ни многу влажна ни многу сува. Во зима наводнувањето треба да се намали на еднаш на секои 2 недели.

za-tie-sto-zaboravaat-9-domasni-rastenija-koi-moze-da-preziveat-bez-voda-10.jpg

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Повеќе од украс – Зошто секогаш треба да имате свежо цвеќе дома? Ако сте забележиле дека кога во ваша близина има цвеќе се чувствувате некако поу...
Есен во облик на цвет – Чоколаден сончоглед (фото) Колку и да сте вљубени во класичните сончогледи, новата варијација ќе ве воодуше...
Како убавите пролетни букети подолго време да бидат свежи? Доаѓа пролетта, а тоа значи разубавување на домот со прекрасни букети кои ќе шир...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg