„Направи сам“ идеи со кои ќе ја отворите пролетната сезона во дворот
Време е да го разбудите дворот од зимскиот сон! Извадете ги цвеќињата надвор, направете нови полици на кои ќе ги изложите, додадете неколку светилки за поромантична атмосфера и прошарајте го стариот мебел.

Сето тоа подобро е да ви одземе неколку часа, отколку многу пари, па затоа ви предлагаме неколку „направи сам“ проекти на кои досега не ви текнало.
Отворете ја пролетната сезона:
1. Направете табуретки за седење од стари гуми и дебело јаже.

2. Белите новогодишни светилки закачете ги на дрвјата, наместо да ги чувате спакувани во кутија до следните празници.

3. Направете полица од обичните дрвени палети.

4. Сами направете патеки од старите даски - доволно е само да ги наредите во земјата.

5. Искористете ги бетонските блокови како ногарки за клупа.

6. Старите гуми лесно може да станат саксии - само наполнете ги со земја и закачете ги со синџирче.

7. Искористете ги пресечените трупци како масички.

8. Вертикалните џепчиња за на врата искористете ги како саксии.

9. Шанк од палети и бетонски плочки е секогаш добра идеја.

10. Или од старо дрвено буре.

11. Кога нема да ви се трошат пари на саксии, повторно искористете неколку цигли и бетонски блокови.

12. Кој вели дека не може да имате малку вода во дворот без големи трошоци?

13. Обојте по некоја плочка за да го развеселите катчето каде што седите.

М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Кафе како ѓубриво, лук за заштита од инсекти: Трикови за здрави растенија со продукти што ги имате д...
Талогот од кафе содржи азот, калиум, фосфор, магнезиум… Сето ова се хранливи мат...
Рајското дворче на црквата „Св. Илија“ во охридското с. Велгошти е совршено за релаксација (фото)
До црквата може да се стигне со автомобил по локален пат, а постојат и пешачки п...
Во дворот на Сања од битолско: „Со сопругот сами правиме декорации, во зима уживаме во стакленикот“
„Љубовта кон цвеќето ми е некако наследена од мојата мајка – како мала таа многу...
Во дворот на Добрила и Наум од Охрид: Зелен рај со многу цвеќиња и фурна
„Секое катче во дворот ни е драго, но има едно место кое ни е посебно омилено, а...
Во дворoт на Роберт во с. Новаци, битолско: Цветен рај со дрвено вовче и летниковец (фото)
Кога нешто се полева со љубов, тогаш резултатот е неверојатен... Почувствувајте ...
Дворчето на Ружа во Ресен, каде царуваат хризантемите во сите бои (фото)
Од виолетови до бели, хризантемите го претворија дворот на Ружа Димиџиевска од Р...