Орхидеја: 6 правила со кои чувствителната убавица ќе расцвета повторно


Орхидеја: 6 правила со кои чувствителната убавица ќе расцвета повторно

Орхидејата е цвеќе кое на домот му дава нота на софистицираност и вреди да се знае секој можен трик кој ќе помогне оваа цветна убавица да трае подолго.

orhideja-6-pravila-so-koi-cuvstvitelnata-ubavica-kje-rascveta-povtorno-01.jpg

Во продолжение, 6-те најважни трикови за одгледување на орхидеја:

1. Ако штотуку купувате Орхидеја, купете ја онаа која веќе има цветови. Без посебна причина. Зошто да не уживате во убавината на нејзиниот цвет?

2. Пред да решите да купите Орхидеја, погледнете дали имате на неа детален опис како да ја чувате. На разни видови, важат разни правила за чување, па многу е важно истите да ги знаете.

3. Колку пати треба да ги полевате со вода? Се зависи од видот на Орхидеја, но во главно важи правилото дека помеѓу две ставања на вода треба да почекате првата потполно да се исуши.

orhideja-6-pravila-so-koi-cuvstvitelnata-ubavica-kje-rascveta-povtorno-1.jpg

4. Орхидејата треба да биде засадена во саксија која брзо ја пропушта водата, но ја задржува во долниот дел од земјата.

5. Орхидеите пожелно е да ги потхранувате отприлика двапати месечно со средство за потхранување, но имајте на ум дека подобро е воопшто да не ги потхранувате, наместо да претерувате.

6. Кога цветовите ќе расцветаат, тие можат да останат и до неколку месеци, а можете да очекувате истата да расцвета само откако ќе паднат првите цветови. Обично тоа се случува барем уште еднаш во текот на годината. Ако тоа не се случува, на вашата Орхидеја ѝ недостасува светлина.

orhideja-6-pravila-so-koi-cuvstvitelnata-ubavica-kje-rascveta-povtorno-2.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како убавите пролетни букети подолго време да бидат свежи? Доаѓа пролетта, а тоа значи разубавување на домот со прекрасни букети кои ќе шир...
Како изгледа дворот на Белата Куќа, во кој има и тајна градина? (фото) Мишел Обама и Меланија Трамп се само дел од првите дами на Америка, кои го обожа...
Креативноста на Јапонцитe: Градини ремек дела во задниот дел од камионите (фото) Цвеќе, трева, дрвца, па дури и клупи, Јапонците успеаја да прикажат дека градот ...

Најчитани неделава