Спас од „бучните“ партнери: Билка која го спречува 'рчењето и чисти воздухот во собата
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Спас од „бучните“ партнери: Билка која го спречува 'рчењето и чисти воздухот во собата

Бромелија, попозната како (мал) ананас, претставува билка која може да го промени начинот на спиење и да им помогне на луѓето помалку да рчат, подобро да се одморат, како и поздраво да спијат.

spas-od-neprospienite-nokji-bilka-koja-go-sprechuva-rchenjeto-i-chisti-vozduhot-vo-sobata-1.jpg

Рчењето може да го загрози здравјето на тој што рчи, но и на партнерот, а како последица неретко се и нарушените односи.

Причините за рчење може да бидат настинка, отечена мукозна мембрана, зголемени крајници, септални девијации или потечен јазик, па и вишок на ткиво или рабови на мекото непце.

Долгорочното рчење, пак, може да доведе до сериозни здравствени проблеми, па дури и мозочен и срцев удар.

spas-od-neprospienite-nokji-bilka-koja-go-sprechuva-rchenjeto-i-chisti-vozduhot-vo-sobata-2.jpg

Меѓутоа, научниците тврдат дека постои мошне едноставен начин да го запрете рчењето, а не е во прашање било каква направа или операција. Дури не ни чини многу.

NASA спроведе научно истражување, кое покажува дека присуството на една билка во спалната соба, значително го намалува рчењето и го поттикнува добриот сон.

spas-od-neprospienite-nokji-bilka-koja-go-sprechuva-rchenjeto-i-chisti-vozduhot-vo-sobata-3.jpg

Билката Бромелија (Bromelia), попозната како (мал) ананас, кислородот го произведува ноќе, а не за време на денот како повеќето билки, што го подобрува квалитетот на воздухот, а со него и спиењето, открива Veriplant World

Бромелијата, исто така, го произведува ензимот бромелаин, кој го смирува рчењето кај луѓето.

spas-od-neprospienite-nokji-bilka-koja-go-sprechuva-rchenjeto-i-chisti-vozduhot-vo-sobata-4.jpg

Бромелијата најмногу се одгледува во Холандија и потребни се околу две години за првиот мал ананас да се појави на врвот од билката, пишува Daily Mail.

Но, треба да се внимава, бидејќи таа е исклучиво украсна билка и ананасот не се јаде – што може да се види и според големината (многу е мал) и бојата (потемен е од обичниот ананас).

spas-od-neprospienite-nokji-bilka-koja-go-sprechuva-rchenjeto-i-chisti-vozduhot-vo-sobata-5.jpg

Затоа, пак, изгледа како прекрасен декоративен елемент во домот, зар не?

spas-od-neprospienite-nokji-bilka-koja-go-sprechuva-rchenjeto-i-chisti-vozduhot-vo-sobata-6.jpg

spas-od-neprospienite-nokji-bilka-koja-go-sprechuva-rchenjeto-i-chisti-vozduhot-vo-sobata-7.jpg

spas-od-neprospienite-nokji-bilka-koja-go-sprechuva-rchenjeto-i-chisti-vozduhot-vo-sobata-8.jpg

spas-od-neprospienite-nokji-bilka-koja-go-sprechuva-rchenjeto-i-chisti-vozduhot-vo-sobata-9.jpg

spas-od-neprospienite-nokji-bilka-koja-go-sprechuva-rchenjeto-i-chisti-vozduhot-vo-sobata-10.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Креативноста на Јапонцитe: Градини ремек дела во задниот дел од камионите (фото) Цвеќе, трева, дрвца, па дури и клупи, Јапонците успеаја да прикажат дека градот ...
5 најиздржливи собни растенија, погодни за сите кои не знаат да одржуваат цвеќе Дали сте од оние кои ги носите цвеќињата на душа, бидејќи не можете да одржите н...
8 симпатични идеи за мини градина во кујната како на Џејми Оливер Дали сте дел од оние кои сонуваат за прекрасна мала градина од зачини во куната,...

Најчитани неделава