„Кактус-ефект“ - Со минимална грижа, максимална пријатност и убавина во домот

Ако сте од оние кои пресушиле безброј цвеќиња рамките на домот и веќе сте изгубиле надеж дека може да одржите некое растение во живот, не грижете се. Кактусите се идеално решение, бидејќи не бараат многу грижа и внимание, а достапни се во различни големини и варијанти.

Kaktus-efekt-so-minimalna-griza-maksimalna-prijatnost-vo-domot-01.jpg

Многумина ги избираат токму нив како совршен додаток во ентериерот, бидејќи може да заборавите дека имате растение дома. Изгледаат прекрасно, зелената боја е одмор за очите, а доколку не заборавите да им капнете сосема малку водичка одвреме-навреме ќе ве наградат и со некое цветче.

Кога се во интересна саксија, сад или терариум, изгледаат уште повеличествено и ќе му дадат сосема нова димензија на вашиот дом.

Тргнете во потрага по нов кактус уште денес доколку веќе го немате, време е за пролетно разубавување на домот:

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Во дворoт на Роберт во с. Новаци, битолско: Цветен рај со дрвено вовче и летниковец (фото) Кога нешто се полева со љубов, тогаш резултатот е неверојатен... Почувствувајте ...
Привлекува пари и среќа – Совети за одгледување Монстера, растението што ќе ви го претвори домот во ... Според Фенг шуи, брзото растење на Монстерата симболизира раст и напредок, носи ...
Рајското дворче на црквата „Св. Илија“ во охридското с. Велгошти е совршено за релаксација (фото) До црквата може да се стигне со автомобил по локален пат, а постојат и пешачки п...
Четири растенија кои сакаат сенка (и се идеални за темен стан) Сансеверијата е едно од најотпорните собни растенија, вирее во потемна просториј...

Најчитани неделава