Пролетно чистење на орхидеите – Сè што треба да знаете
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Менаџер 20-09-2021


Пролетно чистење на орхидеите – Сè што треба да знаете

Орхидеите се еден од оние цветови кои на прв поглед ви го освојува вниманието, но грижата знае да биде вистински предизвик.

proletno-chistenje-na-orhideite-se-sto-treba-da-znaete-01.jpeg

Пролетното чистење не е врзано само со домот или гардероберот. И орхидеите имаат корист од него.

При чистењето на листовите може да користите разредено млеко или лимонов сок разреден во вода, натопени на мека крпа. Нежно пребришете ги листовите како би ја собрале прашината од нив.

Задолжително тргнете ги овенатите листови и отстранете ги старите цветови кои паднале во земјата.

Листовите би требало да бидат светло зелени и исправени. Жолтите листови може да значат дека сте претерале со вода.

Оштетените врвови симболизираат дека орхидејата е изложена на премногу светлина.

Користете отстојана вода, еднаш во неделата.

proletno-chistenje-na-orhideite-se-sto-treba-da-znaete-02.jpeg

Создадете температурна разлика – ставајте ја саксијата да преноќи во постудено место од околу 15 степени, а преку ден дека стои на температура од околу 20 степени.

Прскајте го просторот околу билките со распрскувач со вода.

Наместо залевање, може да ставите и неколку коцки мраз во саксијата, како би го забрзале цветањето.

Phalaenopsis е најраспространетиот вид на орхидеи и се препорачува да се чува на прозорец кој гледа на исток.

Никако не ја ставајте орхидејата под силен млаз вода.

За сјај на листовите, премачкајте ги со внатрешната страна од кора од банана.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мали трикови: Како свежото цвеќе да потрае подолго? Секој кој сака свежо цвеќе, знае колку е краток неговиот рок... Секој кој сак...
Замија-растение кое носи среќа и пари, а нема да успеат да го исушат и најнеспособните Доколку припаѓате на онаа категорија луѓе кои може да умртват и кактус, без гриж...
Како убавите пролетни букети подолго време да бидат свежи? Доаѓа пролетта, а тоа значи разубавување на домот со прекрасни букети кои ќе шир...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg