Нов вид на „плишана“ билка е хит на Инстаграм (фото)

Еден од трендовите кои ги сакаме, а последниве неколку месеци го опседна Инстаграм, е раззеленувањето на просторот со разни билки.

nov-vid-na-plishana-bilka-e-hit-na-isntagram-001.jpg

Новиот вид на цвеќе кое сите го сакаат дома е плишана билка со име Sinningie leucotriche или Brazilian Edelweiss.

Има потекло од Бразил и е специфично по своите сребрени листови кои се покриени како со „плишан“ материјал.

Интересно е што листовите може да пораснат до 15cm во должина и 10cm во ширина.

Цвета во текот на пролетта и трае до крајот на летото, а самиот цвет има специфична портокалова нијанса, како лосос.

Со оглед на тоа што билката спаѓа во семејството на сукуленти, не бара многу вода. Додека листовите растат, земјата треба да е лесно влажна. При заливање се користи исклучиво млака вода, која не смее да допре до листовите, само во земјата.

Потребна ѝ е светлина, а најмногу сака утринско и попладневно сонце. Не трпи силно печење.

Како изгледа и дали можеби ја имате вие дома?

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Во дворoт на Роберт во с. Новаци, битолско: Цветен рај со дрвено вовче и летниковец (фото) Кога нешто се полева со љубов, тогаш резултатот е неверојатен... Почувствувајте ...
Кафе како ѓубриво, лук за заштита од инсекти: Трикови за здрави растенија со продукти што ги имате д... Талогот од кафе содржи азот, калиум, фосфор, магнезиум… Сето ова се хранливи мат...

Најчитани неделава