Направете сами природен раствор за бујни цветови и позелени и поцврсти листови

Овој природен раствор лесно можете сами да го направите и да го додавате во водата за наводнување на цвеќињата еднаш на секои 15 дена.

Napravete-priroden-rastvor-za-bujni-cvekinja-01.jpg

Постои универзален „лек“ и за внатрешните собни, како и за градинарските цвеќиња што ги прави листовите како и цветовите побујни и лисјата позелени.

Главната состојка, верувале или не, е најобичен бел ориз.

Истурете една шолја ориз во тавче со подебело дно, па вклучете ја ринглата и печете го оризот три до четири минути.

Тргнете ја тавата од оган, оставете го оризот да се излади, па измелете го во мелница за кафе или блендер.

Не додавајте вода или каква било течност – потребно е оризот да се претвори во прав.

Префрлете го оризот во тегла и добро затворете го. 

Еднаш во 15 дена, истурете во литар ладна вода три лажици од оризот во прав, промешајте и оставете да отстои половина час.

Истото количество на ориз во прав можете да го истурите и во сад, да додадете литар топла вода, добро да промешате и да оставите да отстои додека водата целосно не се олади.

Нахранете ги растенијата со овој раствор во деновите кога не ги полевате со обична вода. 

Благодарение на состојките од оризот, цветовите ќе бидат побујни, а листовите позелени и поотпорни.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кафе како ѓубриво, лук за заштита од инсекти: Трикови за здрави растенија со продукти што ги имате д... Талогот од кафе содржи азот, калиум, фосфор, магнезиум… Сето ова се хранливи мат...
Во дворот на Добрила и Наум од Охрид: Зелен рај со многу цвеќиња и фурна „Секое катче во дворот ни е драго, но има едно место кое ни е посебно омилено, а...
Во дворот на Сања од битолско: „Со сопругот сами правиме декорации, во зима уживаме во стакленикот“ „Љубовта кон цвеќето ми е некако наследена од мојата мајка – како мала таа многу...

Најчитани неделава