На гости кај Тина и Даниел во Илиноис: Семејна куќа на Македонци од 600m2, лоцирана на голф терен (фото)
- Детали
- сабота, 21 октомври 2023
„Стилот на куќата е класичен и модерен, со главен фокус на дневната соба во која преовладуваат високи прозорци кои гледаат, накај дворот и голф теренот. Во куќата има винарија и голема теретана, опремена со сите машини потребни за вежбање“, открива Тина за CRNOBELO.com, која живее со партнерот во Нејпервил, Илиноис, САД.

Тина и Даниел се Македонци кои живеат во Нејпервил, Илиноис, САД.
Тина има завршено бизнис на универзитет во Нејпервил. Даниел веќе цела сезона тренира голф, но и покрај тоа, тој се занимава со бизнис.
Тие живеат во прекрасна семејна куќа, која е лоцирана на голф терен.
За уредувањето на нивниот дом Тина открива за CRNOBELO.com:
„Идејата за уредување на домот ја добивме од една компанија за уредување домови, која ни помогна во процесот.


Омилена просторија ни е дневната соба, каде што го пиеме утринското кафе.


Ја обожаваме и теретаната бидејќи и двајцата сакаме да вежбаме и да водиме здрав начин на живот.

Површината на куќата изнесува 600 метри квадратни и се наоѓа на голф терен.

