Најубавиот ресторан над Которскиот Залив – се стига со жичница, има неверојатен поглед

На планината Ловќен над Котор, се наоѓа најубавиот ресторан со магичен поглед кон заливот – македонска инфлуенсерка го посети и вели дека искуството е прекрасно, но услугата не ја фасцинирала.

najubaviot-restoran-kad-kotorskiot-zaliv-se-stiga-so-zhichnica-ima-neverojaten-pogled-.jpg

Доколку летово одите во црногорскиот град Котор, вреди да го посетите ресторанот кој се наоѓа на планината Ловќен.

Дотаму се стига со гондола, односно жичница, за која повратен билет чини 23 евра, а возењето трае 10-тина минути.

Може да се оди и со автомобил, но патот е многу тесен и непријатен и не се препорачува.

Forza Kuk е локал кој го нуди можеби најубавиот поглед во Црна Гора, со прекрасна глетка на Которскиот Залив.

Нашата инфлуенсерка Теона Манго неодамна го посети локалот и напиша дека ја има најмагичната глетка, но се пожали за услугата, бидејќи освен пијалакот, не успеале да нарачаат ништо за јадење.

Сепак, секој може да има индивидуално искуство и очекувања, а дефинитивно вреди да го посетите, макар да испиете еден пијалак со прекрасен поглед и зајдисонце.

Погледнете повеќе фотки:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Во домот на Љупка Митрова: Када во дневната наместо трпезариска маса и големи прозорци со поглед кон... „Јас сè сама пазарев. Со сите мајстори седев - oд лепење плочки, до монтажа на п...
На гости во семејниот дом на Давор - Dave’s Kitchen во Охрид: Куќа со пространа кујна, поглед кон ез... „Пред 10 години со семејството одлучивме да купиме нешто во Охрид, а оттука и ид...
На гости кај Латифа на баклава: Стан во скопски Сарај од 111m², со впечатливи бои и детали со тексту... „Празничната маса со мермерен принт и крем столици ја уредив со златни и жолти д...
Нема келнери, храната и пивото ви стигаат со вовче на шини - Локал во Прага е хит кај туристите, мор... Ако во скоро време одите на патување до Прага (имајќи предвид дека наскоро ќе им...
Етно ресторан во природа, на 20km од Скопје, со домашни пити е рај за сите сетила (фото) Зеленило, традиционални даски со домашно ајварче и козји кашкавал, тазе зеленчук...
Ресторан во зеленило, покрај река, на 18 километри од Македонски Брод (за вљубениците во природа) Aко барате викенд дестинација во Македонија, тогаш овој ресторан покрај реката Т...

Најчитани неделава