На гости кај Марија: Семејна куќа во Скопје од 120m2 со софа од бафало кожа и маси од орев (фото)

„Масите и комодата се од орев и се совршено обработени. Софата е од бафало кожа, која од година во година станува сè поудобна за седење, а во дневната омилен ми е ѕидот од цигли“, вели Марија Тодоровска за CRNOBELO.com.

na-gosti-kaj-marija-semejna-kukja-vo-skopje-od-120m2-so-masi-od-orev-i-sofa-od-bafalo-kozha-foto-01.jpg

Марија Тодоровска, сопруга и мајка на Калин и Илона, по потекло oхриѓанка, годинава заокружува 16 години живеење во Скопје.

По професија е дипломиран социјален работник, но како сплет на околности работи сосема друга професија - маркетинг асистент и вели дека ужива во неа.

Со семејството живее во куќа од 120m2 во Жданец.

Во уредувањето на нејзиниот уникатен дом доминира дрвото.

За CRNOBELO.com Марија споделува детали за уредувањето:

„Домот за мене е асоцијација на мир и спокој, место каде ќе се сплотиш со своите најблиски.

na-gosti-kaj-marija-semejna-kukja-vo-skopje-od-120m2-so-masi-od-orev-i-sofa-od-bafalo-kozha-foto-02.jpg

За уредувањето на нашиот дом, кој се наоѓа во убавата и мирна населба Жданец, јас и мојот сопруг одлучивме експресно брзо.

Нашите вкусови се преклопија и подготовката започна и заврши за само еден месец.

na-gosti-kaj-marija-semejna-kukja-vo-skopje-od-120m2-so-masi-od-orev-i-sofa-od-bafalo-kozha-foto-04.jpg

Препознатливиот бохо стил преовладува насекаде.

na-gosti-kaj-marija-semejna-kukja-vo-skopje-od-120m2-so-masi-od-orev-i-sofa-od-bafalo-kozha-foto-09.jpg

Топлите бои и нијанси на кафеаво-бела боја се простираат на сите 120 метри квадратни.

na-gosti-kaj-marija-semejna-kukja-vo-skopje-od-120m2-so-masi-od-orev-i-sofa-od-bafalo-kozha-foto-11_copy.jpg

Масите и комодата се од орев, кои се совршено обработени.

na-gosti-kaj-marija-semejna-kukja-vo-skopje-od-120m2-so-masi-od-orev-i-sofa-od-bafalo-kozha-foto-10.jpg

Изборот за ламинат, кој има скоро идентичен изглед на паркет, е вистински погодок за нас.

na-gosti-kaj-marija-semejna-kukja-vo-skopje-od-120m2-so-masi-od-orev-i-sofa-od-bafalo-kozha-foto-03.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Локал во Скопје ни носи ретро нота - стар плакар со огледало, стомната на баба (фото) Во овој локал ќе видите плакар со огледало, каков што најверојатно сте имале во ...
На гости кај Иџе: Стан во „Аеродром“ со големи прозорци, поглед на Вардар и тиркизни детали „Станот го уредував јас пред неколку години, кога се вратив од трка по крајот на...
Кафуле во Старата скопска чаршија со графит од Венеција е сцена од сказните (фото) Кога сте за турско кафе со локумче и наргиле, тогаш овој локал во Старата скопск...
Во домот на Маријана во Штип: Куќа во барок стил, со златни елементи и многу новогодишни украси „Дневната соба ја уредивме во уникатен стил, комбинирајќи елементи на природата ...
На гости кај Мартина: Семејна куќа со кујна со стаклен фрижидер и ѕид со мурал во дворот (фото) „Како заштитен знак во семејната куќа ни е ѕидот што ја краси дневната соба. Нај...
На гости кај Марјан Бранко во Влае: Стан од 47m2 уреден со цигли, рустични детали и минимално осветл... „Сандакот помеѓу двоседот и фотелјата е парче старо повеќе од 70 години, нерепар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg