На гости кај Пале: Стан од 116m2 во Струмица во класичен стил со драпери, мебел од цреша и раскошни детали (фото)

„Цели 28 години живеевме во куќата на мојот сопруг, заедно со нашите две деца. Но, кога децата пораснаа и син ми се ожени, на нив им ја препуштивме куќата, а јас и сопругот се преселивме во стан“, ја започнува Пале Стојанова приказната за уредувањето на домот за CRNOBELO.com.

na-gosti-kaj-pale-semejna-kukja-vo-skopje-vo-klasichen-stil-so-raskoshni-detali-foto-01.jpg

Пале Стојанова, менаџер и дизајнер во салон за уредување со завеси и драпери, е мајка на син, дизајнер за мебел и ентериер и ќерка, моден дизајнер и ликовен уметник, како и сопруга на поранешен старешина во армијата, сега пензионер.

Исто така ја има и улогата баба на три внучиња.

Таа со сопругот живее во стан од 116m2 во Струмица, уреден во класичен стил со раскошни детали.

Вели дека при секоја можност кога патува во Европа посетува стари музеи и замоци кои имаат историско значење, а ја привлекуваат со изгледот во внатрешните простории каде што е присутна класичната уметност и орнаментиката, луксузниот дизајн кој потекнува од времето на ренесансата, па токму оттаму и ја црпела инспирацијата за уредувањето.

За уредувањето на домот Пале открива за CRNOBELO.com:

„Цели 28 години живеевме во куќата на мојот сопруг, заедно со нашите две деца.

Но, кога децата пораснаа и син ми се ожени, дојдовме до момент каде имавме потреба од повеќе простор, па нив им ја препуштивме куќата, а ние со сопругот се преселивме во станот во којшто живееме денес сами двајцата.

na-gosti-kaj-pale-semejna-kukja-vo-skopje-vo-klasichen-stil-so-raskoshni-detali-foto-21.jpg

Станот е 116m2, и во него има: влезен ходник, десно од него се влегува во дневниот престој, а лево се влегува во друг ходник преку кој се доаѓа до двете спални соби, главната бања и работната соба, којашто ја користиме заедно со сопругот.

Станот располага и со две комотни тераси.

na-gosti-kaj-pale-semejna-kukja-vo-skopje-vo-klasichen-stil-so-raskoshni-detali-foto-03.jpg

Уредувањето на новиот дом не ми претставуваше тешка филозофија, бидејќи јас имам свој стил и се водам од него, а во извршувањето секако бевме вклучени сите четворица.

Отсекогаш душата ми ја исполнува класичната убавина, па затоа и стилот во дневниот престој е не случајно избран да биде класика.

na-gosti-kaj-pale-semejna-kukja-vo-skopje-vo-klasichen-stil-so-raskoshni-detali-foto-14.jpg

Со работата со којашто се занимавам, имам влезено во безброј домови од мои клиенти и имам видено станови уредени во различни стилови.

Секој стил си има своја убавина, но јас уживам во класиката и за мене таа дава совршена елеганција, раскош, хармонија, топлина и луксузен комфор.

na-gosti-kaj-pale-semejna-kukja-vo-skopje-vo-klasichen-stil-so-raskoshni-detali-foto-18.jpg

За мене класиката претставува безвременска елеганција, па затоа, во мојот дом дневниот престој е уреден со комбинирање на класична елеганција со практични удобности.

Мебелот за во дневната соба го имавме веќе 25 години, задачата ми беше само како да го распоредам секое парче на соодветно место.

na-gosti-kaj-pale-semejna-kukja-vo-skopje-vo-klasichen-stil-so-raskoshni-detali-foto-19.jpg

Па затоа, кујната како што беше отворена, еден дел преградивме за едниот тросед да добие цела позадина.

Местото на ТВ комодата по логика се најде веднаш наспроти гарнитурата за седење, ќош-витрината се намести во аголот помеѓу двата троседи, а високата витрина и ниската комода со огледало една наспроти друга, па честопати знам заради мала промена да им ги сменам местата.

na-gosti-kaj-pale-semejna-kukja-vo-skopje-vo-klasichen-stil-so-raskoshni-detali-foto-13_copy.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

На гости кај Драгана: Стан од 65m2 во скопската населба Хром, со елегантна нота и доминација на теге... „Во домот доминираат златни и тегет тонови, кои создаваат елегантна, но пријатна...
На гости кај Христина Пан: Од старата плевна на дедо ѝ до совршена викендичка во с. Слепче (фото) „Процесот на градење се одвиваше брзо, но баш кога дојде време за внат...
На гости кај Перо: Совршено уредена тераса со лулашка во семејна куќа во Дојран (фото) Совршено катче каде лулашката е во фокус. Модерно, урбано и впечатливо... Соврше...
На гости кај Ангела во Скопје: Стан од 67m2 во Тафталиџе со совршена детска соба и тераса како мала ... „Кога ја уредував кујната, целта ми беше да биде светла, функционална и лесна за...
На гости кај Елена и Петар: Стан од 51m2 во Карпош, во светли тонови со акцент на тиркизна боја и др... „Како двајца млади ентузијасти со изострен вкус, создадовме топол и функционален...
Локал во близина на Скопје каде ќе гледате јавање коњи, додека пиете кафе и ручате Во село Волково во склоп на коњички клуб, се наоѓа локал кој ќе ви биде совршено...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg