Во домот на модната дизајнерка Ива Спасовска: Винтиџ рај од 110m2, со 60 години старо огледало, наследство од дедо ѝ
Во еден агол стои и винтиџ машината за шиење, Singer, опкружена со светилка, огледало и цвеќе.
Таа е симбол на мојата модна приказна - сведоштво на мојот, но и на занаетот на мојот прадедо, дедо и татко.
Оваа машина не може да се купи денес. Таа е богатство и дел од мојот пат.


На ѕидовите и полиците се поставени повеќе NLP дипломи, како и сертификати од школи и програми поврзани со личниот развој.
Поставени се покрај фотографиите на моите најблиски луѓе, како светилиште на успехот, трудот и мотивацијата.


Во однос на амбиентот, секој што ќе влезе во мојот стан знае да искоментира дека личи како дело извадено од Париз, со шмек на стара аристократски апартман, но со длабока интимност.
Секоја ламба, секој прозор, секој елемент зрачи со приказна и ја пресликува мојата душа.


Но, во станот, покрај визуелната топлина која преовладува, постои и друга страна - футуристичката.
Како Водолија, силно верувам во технологијата и во нејзината моќ.
Па така, во домот се внимателно избрани апаратите за кујна, масажа, нега, вежбање, чистење и слично, кои ми овозможуваат удобност, грижа и функционалност.
Технологијата е дел од мене, таа ми го прави животот поудобен, но не го заменува мојот идентитет, што е многу важно да се напомене.


Во домот живеат и моите четири миленици - две чивави и две мачки: Барби, Принцес, Миша и Кира.
Тие не се само животни, туку и дел од мене, од просторот, од енергијата, од семејството.
Тие се продолжение на мојот мир, баланс и топлина, а домот ни е круна на сите пет.


Ова не е дом создаден од трендови или архитектонски каталози - ова е живо уметничко дело, изградено со љубов, со носталгија и со верба во иднината“.


©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело
