Eтно ресторан во природа, на 55km од Скопје - со чергички, традиционални пити и летниковци (фото)
- Детали
- вторник, 16 септември 2025
Да си седнете на чергичка, па да си каснете слатко од јаготки, откако претходно сте се заситиле со тазе домашна пита, ајварче и печени пиперки... Звучи совршено, зарем не? Овој ресторан ќе ве врати во едно минато и поубаво време.

Среде зеленило, со традиционални елементи, овој етно ресторан на прв поглед веднаш ви прави некако топло на срцето.
Па, уште кога ќе ги видите домашните десерти со слатко, па питата послужена со ајварче или печени пиперки, тогаш сите сетила се будат.

На само 55 километри од Скопје во кумановско, поточно во селото Старо Нагоричане, се наоѓа ресторанот „Селско домаќинство Невена“.
Името совршено ја доловува атмосферата со чергички и релаксирана нота, која нè враќа во едно минато време.