Во празнично украсениот дом на Ксенија Деспотоска: „Доминира кафеавата боја, но ми фали малку црвено“
Многу се плашев како ќеркичката Надја ќе реагира на елката и да не треба да ја собираме, ха, ха.
Ама, Надја воопшто не ја интересира елката и не ни оди нешто оди таму.
Иако јас и играчки ѝ ставив под неа, често оди да си ги земе, но внимава кога ги зема. Така што имаме среќа.

Сè што имам оваа година е купено од една продавница во Скопје, така ми беше најлесно да си изберам сè.

Инаку, овој период од годината отсекогаш ми бил омилен.
Божиќ, Бадник, тие празници се нешто најубаво. Сите собрани дома, се спрема храна за божиќната тепеза, семејството на маса.
Особено се радувам сега кога имам дете, па сакам и на неа да ѝ ги пренесеме сите тие убави моменти на мир и топлина“.

Повеќе фотографии во продолжение:






Кликнете и погледнете го видеото од процесот на украсување:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело
