На гости кај Лина: Пентхаус стан во Скопје со модерна технологија на гласовни команди и бавча на покривот (фото)

Сепак, мое омилено катче е покривот! Најголема радост ми е малата бавча која стана место за пауза од секојдневието, зелена терапија и највисока концентрација на мир по метар квадратен.

Има нешто навистина магично во тоа да ставиш на трпеза тиква, морков или зачин што сам си ги одгледал.
Оваа есен тиквите беа вистински хит и не сме сигурни дали соседите беа повеќе изненадени од земјоделството или од тоа што тиквите преживеале на покрив.

За ќеркичката, пак, бавчата и растенијата се мини животна школа.
Таму учи грижа, одговорност, трпение, љубов кон природата и најважното: дека доматот не расте на рафт во маркет, туку од малечко семе што бара внимание секој ден.

Како што доаѓаат празниците, и домот ни го менува ритамот. Станува празничен, накитен, магичен.
Сијаличките трепкаат, свеќи мирисаат, а целата атмосфера ме потсетува дека домот не е во мебелот, ни во бојата на ѕидовите, ни во smart home уредите… туку е во енергијата што ја носиме внатре.

Најважно е да го полниме просторот со моменти што вредат повеќе од сета декорација: насмевки рано наутро, хаос од играчки што има своја убавина, тивки вечери со бебе кое заспало.
Тие мали, обични, секојдневни работи се вистинската магија во нашиот дом“.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело
