Во новогодишниот дом на Росана: Стан во Црниче, во скандинавски стил - без килими и со многу прозорци
Една од собите, наместо детска соба ја уредивме како соба за одмор и работна соба.
Во неа најчесто со сопругот работиме од дома, па успеавме да направиме простор којшто ќе биде корисен за одмор и работа, а нема да потсетува на канцеларија.

Спалната соба е исто така со минимално количество на мебел. Користени се истите бои што придонесува просторот да изгледа поголем и дава чувство на мир и слобода.
Од неодамна имаме нов член во семејството, бебето Ана и во спалната соба поставивме креветче за неа коешто е исто така е од природни материјали и нежни бои.
Сите играчки и додатоци за бебето се исто така од дрво и памук, со нежни пастелни бои коишто одлично се вклопуваат во просторот, а воедно таа е безбедна.

Периодов во домот преовладува декорот за божиќните празници.
Бидејќи решивме украсите во домот преку целата година да бидат сведени на минимум, со нетрпение ги очекуваме празниците за да може да се внесе празничен декор.
Но, затоа секогаш посебен акцент се дава на приборот за јадење, чашите и деталите коишто го надополнуваат секојдневието.

Во летниот период цветната тераса е нашето омилено катче“.
Уште неколку фотографии:







©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
М. М. | Црнобело
