На гости кај Тоше во струшко Вишни: Реновирана викендичка од 1926-та со рајско дворче, во село со 20 жители
Сега и тоа е веќе запуштено, како и сè друго. Задружниот дом во селото функционираше и беше одлично место за групи спортисти, кои доаѓаа тука на висински подготовки.
Но, и тој веќе е готов да се сруши, за жал.

Денес, селото е познато во христијанската вера како село кое дало светица, а тоа е Св. Спаса Вишенска, која е канонизирана со благослов на светиот синод на македонската православна црква во 2024 година во присуство на многу членови на синодот (владици).

Чинот се одржа во црквата Св. Софија во Охрид, а со него чиноначелствуваше г.г. Стефан.
Ете, сега може да се пофалиме дека имаме светица, што е реткост.

Еве и покана до сите кои сакаат да дојдат да се поклонат на моштите на св. Спаса Вишенска и да ја посетат пештерската црква Св. Спас во с. Вишни.
Исто така може да се посетат и другите 6 цркви во селото.

Селото има убав поглед кон планината Јабланица, а исто така има и видиковец, од каде што се гледаат Струга, Охрид и Охридското езеро.

Има и извиднички дом на извидничкиот одред Скаут од Струга, кој работи и е погодно место за сите кои сакаат планинарење, хајкинг, маунтајнбајк итн.

Куќата каде што е роден татко ми е изградена во 1926 година од камен, цело време е одржувана до некаде 2015 година кога татко ми реши да ја реновира, да промени кров, нели тоа е најважно, како и внатре да се реновира.


