На гости кај Македонци во Виена: Детската соба на Тифани (3) има гардеробер со 30 пара чевли и е поделена во катчиња
Дури и играчките во Trofast системот се поделени со лепенки – посебно за бебиња, барбики, коцки и слично.
Собата е поделена на неколку катчиња – дел за спиење, дел за игра и дел за складирање.

Од играчки секогаш внимаваме да купуваме нешто што ќе ѝ развие фантазија и љубопитност, како книги, глобус, материјали за учење планети.
Тифани е едно дете кое обожава да учи и истражува и многу ми е мило да гледам како секој ден открива нови нешта.

Оваа организација многу ми го олеснува секојдневието – на крајот од денот, по играњето, точно знам каде припаѓа секоја работа и лесно сè се враќа на свое место.
Секој детаљ во собата е создаден со љубов, со желба да биде топло и среќно катче кое ќе расте заедно со неа.

Неодамна, Тифани го прослави својот трет роденден, и заедно со мојот сопруг ѝ приредивме мало изненадување како од бајка токму во нејзината соба.
Таа беше пресреќна, а тоа само ја направи собата уште поспецијална – место полно со радост, смеење и љубов, каде секој момент се памети“.

Повеќе фотографии:



