Најубавата тераса во Париз (фото)

Париз живее за прекрасно уредените тераси на кои се сместени малите барови и ресторани.

najubavata-terasa-vo-pariz-foto-01.jpg

Една од најубавите е сопственост на хотелот Raphael, сместен на авенијата Kléber.

Терасата се наоѓа на седмиот кат од хотелот и овозможува незаборавно опуштање со чаша префинет шампањ и поглед кон Ајфеловата кула и шармантните париски кровови.

Прво што ќе забележите е беспрекорното зеленило, украсните грмушки кои се испреплетуваат со рози, кои во лето шират арома која опива.

Централната позиција ја зазема малечкиот шанк поставен на голема шаховска плоча, а околу него се распоредени малечките удобни маси и столчиња кои даваат голема доза на топлина.

Додека времето е убаво, терасата е целосно отворена, а на неа се служат врвни специјалитети на француски начин.

Кој би одолеал?

Би можело да ве интересира:

14 луѓе со талент и визија - ги претворија обичните тераси во волшебно катче во домот (фото) „Инспирација за терасата ми е ‘Алиса во земјата на чудата’ и нејзината чајанка“ ...
На гости кај Лина: Пентхаус стан во Скопје со модерна технологија на гласовни команди и бавча на пок... „Мое омилено катче е покривот... Најголема радост ми е малата бавча која стана м...
Најубавите железнички станици во светот - ќе посакате веднаш да седнете во воз и да тргнете на патув... Дали некогаш сте виделе железничка станица која ќе ве врати е неколку века назад...

Најчитани неделава