Ова го нема во Македонија! Ќе погодите што прават овие луѓе?

Некаде во светот луѓето не се собираат само за протести, туку и за да си помогнат едни на други. За бездомниците не се собираат средства само за повремено јадење и облекување, туку се бара начин како навистина да им се помогне.

ova-go-nema-vo-makedonija-kako-si-pomagaat-lugjeto-vo-svetot-01

Во Медисон се собрале повеќе луѓе кои решиле да изградат монтажни куќички за бездомниците. Тие се мали, но прават голема разлика во животот на семејствата кои претходно живееле на улица.

Не само што ги заштитуваат од студот и дождот, туку им даваат безбедно место  каде можат да се заштитат од сè што се случува надвор, имаат можност да бараат работа, да одат на училиште и да размислуваат за подобар живот.

Волонтерите коишто работат на овие куќички ги има од сите возрасти. Си помагаат едни на други и сите работат како еден. Внимаваат на сите детали, од изолација и хигиена  па сè до цвеќињата, убавите мали огради и тераси. Сите се сместени на едно место за да имаат можност и за меѓусебно дружење.

За време на празниците, особено божиќните имаат посебно осветлување и украсно дрво.

Пример кој треба сите да го следат, да се има сочувство и за другите и за заборавените, затоа што секој заслужува топлина и дом.

Мислите дека вакво нешто би можело да се направи и во Македонија?

Би можело да ве интересира:

На гости кај Данче: Семејна куќа во Струмица каде просторот „дише“, а се чисти со сода и оцет, како ... „Нашата куќа е од типот на куќи во низа и едната страна е на исток – дневниот пр...
Марија-Магдалена од Битола, самохрана мајка, урна стара куќа на село и крена нова од темел: „Ми треб... „Има мајстори кои те потценуваат зашто си жена. Ти објаснуваат како „треба“...
Дом уреден во кич стил - 22 идеи за сите на кои им здодеа од минимализам и земјени тонови (фото) Иако самиот збор „кич“ за многумина е синоним за нешто грдо, светкаво и претеран...
Најубавите есенско украсени локали низ Македонија за 2025 - како од бајка Цвеќиња и дрвја со лисја во жолти и портокалови нијанси, украси со тикви, пампас...
Празнична бајка: Тура низ новогодишно украсени локали во Македонија (фото) Мексикански ресторан во Неготино е украсен како да сте во селото на Дедо Мраз, ...

Најчитани неделава