Најчудниот хотел во светот: Бањајте се со мечка, вечерајте со лавови

Австралиската туристичка атракција Jamala Wildlife Lodge е хотел и зоолошка градина која им овозможува на гостите да ги запознаат дивите животни на поинаков начин.

najcudniot-hotel-vo-svetot-banjajte-se-so-mecka-vecerajte-so-lavovi-01.jpg

Отворен е само една недела, а веќе е место за кое се интересираат оние со подлабок џеб.

Сопственикот Ричард Тиндејл вели дека идејата му е да го поттикне решавањето на проблемот со многубројните животни кои се во фаза на изумирање.

Објектот располага со 18 соби кои имаат капацитет за максимум 10 лица. Дел од нив се сместени помеѓу живеалиштето на мајмуните, додека други соби се поставени во висина на дрвата од кои се хранат жирафите.

Во главната просторија се наоѓаат лавовите, а во соседната куќичка може да се погледне огромен аквариум во кој пливаат ајкули.

Сместувањето во овој прекрасен див хотел чини околу 400 долари од вечер, а во цената се вклучени и прошетки и хранење на животните.

Би можело да ве интересира:

Розов хотел на Ибица е рај за инстаграмџики - како куќата на Барби во реалноста (фото) Ова е еден од најфотографираните хотели на Ибица и е вистински инстаграмџиски ра...

Најчитани неделава