Супер идеи: Што се можете да направите од старото дрво?

Дрвата се евтин е креативен начин за разубавување на домот. Не фрлајте ги малите гранчиња кои ви останаа оваа зима. Искористете ги како декоративни елементи.

rusticen-dom-iskoristete-go-staroto-drvo-za-dekoriranje-na-enterierot-45.jpg

Без разлика дали станува збор за гранчиња или пак цели масиви на дрва и застарен мебел - не ги фрлајте. Дајте им втора шанса и со малку труд и креативност можете да ги направите да изгледаат како нови и прекрасни идеи за обновување на декорот во домот.

Старите мали гранчиња искористете ги како додатоци или како единечни материјли задекорирање на вазите. Можете да ги обоите во различни бои и да направите различни форми од нив. Сепак навистина лесно може многу бргу да ги модификувате со кршење на непожелните делови.

Од поголемите парчиња идеите не запираат. Можете да направите од нив прекрасни маси или пак како дел од декорацијата на трпезариите.

Направете мали дупчиња и ќе имате нов држач за пенкала и моливчиња, или пак доколку само ги заковате во ходникот, нови и уникатни држачи за јакните.

А можете да направите и поголеми полукружни дупки. Можете да ги кристите како садови доколку добро гиизлакирате или пак како интересни декоративни свеќници.

Доколку имате повеќе време, можете да направите од нив и целосно нов мебел. Покрај масичките можете да направите држачи за скали, столчиња за седење и што ли уште не.

Ослободете ја вашата кретивност и обновете го вашиот дом, а во меѓувреме уживајте и црпете идеи токму тука.

Би можело да ве интересира:

Во домот на Павлина: Куќа во Битола уредена со ретро предмети и гоблен извезен од нејзината мајка „Посебна љубов ми се реставрираните предмети од 80-ти и 90-ти. Гоблените ми се п...
Во домот на Љупка Митрова: Када во дневната наместо трпезариска маса и големи прозорци со поглед кон... „Јас сè сама пазарев. Со сите мајстори седев - oд лепење плочки, до монтажа на п...
На гости кај Лина: Пентхаус стан во Скопје со модерна технологија на гласовни команди и бавча на пок... „Мое омилено катче е покривот... Најголема радост ми е малата бавча која стана м...
„Култура“ е нов урбан локал во Скопје - со тепихот од баба, миље, плочи и кул написи на кирилица Локал со душа, винтиџ нота, но и чувство на едно поинакво Скопје. Културно Скопј...
Во дворот од 200m2 на Бранко во Вевчани: „Мајка ми се грижи за садниците, сама прави вазни од цемент... „Од дворот се гледа Охридското Езеро. Во еден дел има садници за кои се гри...
Во домот на Невенка и Гаврило во Штип: Дуплекс од 156m2, со ограда од ковано железо во дневната и му... „Во салонот централно место зазема пијаното, а над него во застаклена витрина е ...

Најчитани неделава