Куќарки во воздух за оние со авантуристички дух

Компанија во Перу ги донесе поимите „авантуристички туризам“ и „хотелски дизајн“ на сосема ново ниво со само една уникатна идеја.

kukjarki-vo-vozduh-za-onie-so-avanturisticki-duh-01.jpg

За околу 300 долари од ноќ по еден човек, можете да спиете во една од куќите именувани како Natura Vive, а истите се идеални за вас ако сте љубител на искуствата кои ќе ви донесат возбуда, опасност и неверојатна авантура.

Тие се високо изградени меѓу карпестите предели на Андите и доколку сакате да пристигнете до нив потребно ќе ви биде да се качувате по карпите на висина од околу 300 метри.

Секоја од овие куќарки има простор за спиење, еден тоалет и простор за јадење, а што е најважно целите се направени од стаклени прозорци.

Natura Vive куќарките се дизајнирани и основани во 2008-та година од страна на Арио Фери.

Посетителите имаат можност за се искачат по 1.400 метални скалила за да пристигнат до куќарките со дополнителна заштита, а можат да пристигнат и со јаже до таму.

Откако ќе пристигнете до посакуваната дестинација, во куќарката влегувате преку стаклена врата која се наоѓа на кровот.

Куќарките се со големина од 18m2 и претставуваат транспарентна соба во која може да собере четири лица.

Преку нив имате уникатен поглед кон една од најсветите долини на Перу.

На горниот дел од куќарката имате можност да вечерате на отворено и на височина од 300 метри.

Би можело да ве интересира:

На гости кај Данче: Семејна куќа во Струмица каде просторот „дише“, а се чисти со сода и оцет, како ... „Нашата куќа е од типот на куќи во низа и едната страна е на исток – дневниот пр...
Во новогодишниот дом на Росана: Стан во Црниче, во скандинавски стил - без килими и со многу прозорц... „Главната цел беше да се постигне просторност и комоција, практичен дом во којшт...
На гости во детската соба на Луциа (2): Македонци во Хановер направија совршено катче, со простор за... „За да го задржиме слободниот простор на средина, се одлучивме за системот TROFA...
Во домот на Ивана и Миро Кацаров: Стан од 120m2 во Пржино, со камин и црвен фрижидер (фото) „Спалната е удобна и мирна, со мек кревет, нежно осветлување и едноставни детали...
На гости кај Мандар и Дариа: Дуплекс стан во Дебар Маало со впечатлива жолта гарнитура (фото) „Моето омилено катче е жолтата гарнитура во дневната соба, а омилениот дел на мо...
На гости кај Лина: Пентхаус стан во Скопје со модерна технологија на гласовни команди и бавча на пок... „Мое омилено катче е покривот... Најголема радост ми е малата бавча која стана м...

Најчитани неделава