Најубавиот хотел во светот - палатата „Umaid Bhawan“

Индиска палата достојна за махараџа се најде на врвот на листата на TripAdvisor за 2016-та година според оценките од гостите кои имале можност да влезат во оваа спектакуларна палата.

najubaviot-hotel-vo-svetot-palatata-umaid-bhawan-01.jpg

На 14-то издание на наградите Travelers’ Choice на TripAdvisor, палатата „Umaid Bhawan“ се најде на првото место.

Оваа прекрасна градба се наоѓа во Раџастан, западна Индија. Изградбата траела цели 15 години, од 1928-та година, па се до 1943-та година.

Палатата претставува комплексна градба направена од песочник и мермер на површина од 11 хектари и дополнителна земја од 6.1 хектари.

Хотелскиот дел од палатата е раководен од Taj групацијата на хотели и се состои од 70 соби со декорации во арт деко стил.

И додека секој нема можност да плати 1.604 евра од ноќ, постои друга можност да погледнете како изгледа оваа прекрасна градба.

Виртуелен водич низ палатата „Umaid Bhawan“:

Најубавиот хотел во светот низ 30 фотографии:

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

На гости кај Драгана: Стан од 65m2 во скопската населба Хром, со елегантна нота и доминација на теге... „Во домот доминираат златни и тегет тонови, кои создаваат елегантна, но пријатна...
Во домот на Љупка Митрова: Када во дневната наместо трпезариска маса и големи прозорци со поглед кон... „Јас сè сама пазарев. Со сите мајстори седев - oд лепење плочки, до монтажа на п...
Во домот на Невенка и Гаврило во Штип: Дуплекс од 156m2, со ограда од ковано железо во дневната и му... „Во салонот централно место зазема пијаното, а над него во застаклена витрина е ...
На гости кај Христина Пан: Од старата плевна на дедо ѝ до совршена викендичка во с. Слепче (фото) „Процесот на градење се одвиваше брзо, но баш кога дојде време за внат...
Во викендичката на Анета Стамеска во с. Лупште, Порече: „Уживаме да готвиме на стариот шпорет на дрв... „Викендичката ја почнаа моите свекор и свекрва пред 15 години. Свекорот не успеа...
„Култура“ е нов урбан локал во Скопје - со тепихот од баба, миље, плочи и кул написи на кирилица Локал со душа, винтиџ нота, но и чувство на едно поинакво Скопје. Културно Скопј...

Најчитани неделава