Машки стан во изразена сина боја (фото)

Денес ви прикажуваме стан со доминантна сина боја, наменет за млад човек кој сака да поминува време со пријателите дома. 

Maski-stan-so-izrazena-sina-boja-01

Младиот сопственик имал неколку интересни барања за дизајн на ентериерот, чие извршување сметаме дека ќе ви биде интересно.

Основната задача на дизајнерите била да создадат светол ентериер во модерен стил, користејќи евтини материјали за декорација, мебел и опрема, без никаква трага од класичен стил.

За да го постигнат тоа, дизајнерите планирале уривање на дел од ѕидовите, а целта била создавање на живеалиште со неколку лесно достапни зони.

На пример, голем дел од ѕидот помеѓу кујната и дневната соба е отстранет со цел создавање на една поудобна и поинтересна соба. Омилената боја на младиот човек е сина и како што можете да забележите дизајнерите го почитуваат тоа.

Во малата дневна соба е поставена двојна софа, масичка, модуларен дел, голем телевизор и голема декоративен камин. Кујната е составена од мебел со вграден фрижидер, шпорет, скриена машина за перење, а има дури и трпезариска маса.

Спалната соба е многу мала и таму работите се погусто поставени, но пак за сметка на тоа е многу удобна.

Неутралните бои ѝ даваат простор на собата, а богатството на системи за складирање помагаат на сопственикот да заборави за ограничениот простор.

Балконот е искористен така што е поделен на два дела - едниот за работа, а другиот за рекреација. Зоната за одмор е опремена со мала маса и две столици, а работниот дел е логично опремен со биро и полици за документи и книги.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рибник во струшко со рајско дворче со зеленило е совршено викенд бегство (фото) Во овој локал среде природа времето тече побавно, храната е домашна, а природата...
Рибник со етно амбиент во селото Оморани е рај за сите љубители на природа (фото) На 80 километри од Скопје, покрај реката Бабуна, се наоѓа рибник со мовчиња, цве...
Во новогодишниот дом на Росана: Стан во Црниче, во скандинавски стил - без килими и со многу прозорц... „Главната цел беше да се постигне просторност и комоција, практичен дом во којшт...
Локал покрај карпа на Тасос е совршен за гледање зајдисонце - има и ноќни журки со диџеи (фото) Ако сакате да гледате совршено зајдисонце во модерна, но релаксирачка атмосфера,...
Руфтоп бар во Охрид со спектакуларен поглед e инстаграмџиски рај (фото) Храната и пијалаците со ваков поглед, веднаш стануваат повкусни, плус има соврше...
Eтно ресторан во природа, на 55km од Скопје - со чергички, традиционални пити и летниковци (фото) Да си седнете на чергичка, па да си каснете слатко од јаготки, откако претходно ...

Најчитани неделава