Луксуз како на ниту едно друго место - Ѕирнете во новата чекална на „Etihad Airways“

Во текот на изминатата деценија, меѓународниот аеродром во Њујорк, „ John F. Kennedy“, постојано се обидува да го подобри искуството на своите клиенти со интегрирање на повисоко ниво на луксуз.

luksuz-kako-na-nitu-edno-drugo-mesto-dzirnete-vo-novata-cekalna-na-etihad-airways-01.jpg

Едно од најновите импресивни достигнувања е подобрувањето на премиум чекаланата за „Etihad Airways“ кој се наоѓа во внатрешноста на терминалот 4 на аеродромот.

„Сè што правиме во Etihad Airways е околу тоа да обезбедиме максимален луксуз кој не може да се спореди“ - вели постариот потпретседател, Мартин Дру.

„Наша цел не е да се споредуваме со другите авионски компании, туку со врвните хотели и ресторани за да им обезбедиме максимален комфор на патниците“ - додава тој.

Веднаш штом ги отворите стаклените врати на чекалната ве поздравува еден од вработените, а внатре ве чека полн бар со можност за пробате разни типови на јадења и пијалаци, а потоа удобно да уживате додека го чекате вашиот авион.

Внатре имате и приватни простори со телевизори и можности за спиење или забава.

Ѕирнете во луксузната чекална на „Etihad Airways“:

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ледената Бетика ја покажа дрвената куќарка во природа: „Правена е за моја душа, тука сум своја, слоб... „Мојата душа никогаш не ги разбираше луксузите и палатите. Во оваа дрвена к...

Најчитани неделава