Модерен стан за младо и активно семејство (фото)

Удобноста, чистината и добрата енергија се главни обележја на овој квалитетно уреден простор, кој ги задоволува сите потреби на неговите сопственици.

modern-stan-za-mlado-i-aktivno-semejstvo-foto-1.jpg

Динамичното темпо на секојдневието наметнува бројни предизвици, особено за младите двојки. Еден од нив е и создавањето убаво, практично и современо гнездо за заеднички живот.

Ентериерот кој ви го прикажуваме е проект што совршено одговара на желбите на младо и активно семејство, кое сака да се дружи, опушта, работи, готви и дочекува гости во својот дом.

Станот е со модерен призвук, обединувајќи повеќе различни финеси на скандинавскиот стил во една естетска и повеќенаменска целина, која е како создадена за неговите сопственици.

Дневниот престој е пример за вешт спој на удобност и стил, со привлечен дизајн на мебелот. Парчињата кои се одбрани за оваа зона се едноставни, функционални и минималистички, а во просторот преовладуваат чистите линии и воздушестиот амбиент.  

Основни бои се сивата и белата, со акценти во црна и сончево жолта нијанса, која привлекува внимание со својата ведрина. Дневната соба комуницира со кујната и трпезаријата, со што природната светлина непречено циркулира низ секое катче.

Покрај нив, сместена е и домашната мини канцеларија, каде родителите може да ги извршуваат дополнителните обврски поврзани со работата.

Станот има две спални соби. И двете се уредени мошне префинето и елегантно, со примена на иста палета на бои, а со користење и на одредени декоративни елементи од дневниот престој.

Во продолжение, погледнете ја галеријата и ѕирнете во секое катче од овој инспиративен дом:

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

На гости кај Драгана: Стан од 65m2 во скопската населба Хром, со елегантна нота и доминација на теге... „Во домот доминираат златни и тегет тонови, кои создаваат елегантна, но пријатна...
Локал во близина на Скопје каде ќе гледате јавање коњи, додека пиете кафе и ручате Во село Волково во склоп на коњички клуб, се наоѓа локал кој ќе ви биде совршено...
„Култура“ е нов урбан локал во Скопје - со тепихот од баба, миље, плочи и кул написи на кирилица Локал со душа, винтиџ нота, но и чувство на едно поинакво Скопје. Културно Скопј...
Во домот на Павлина: Куќа во Битола уредена со ретро предмети и гоблен извезен од нејзината мајка „Посебна љубов ми се реставрираните предмети од 80-ти и 90-ти. Гоблените ми се п...
На гости кај Елена и Петар: Стан од 51m2 во Карпош, во светли тонови со акцент на тиркизна боја и др... „Како двајца млади ентузијасти со изострен вкус, создадовме топол и функционален...
Во домот на Љупка Митрова: Када во дневната наместо трпезариска маса и големи прозорци со поглед кон... „Јас сè сама пазарев. Со сите мајстори седев - oд лепење плочки, до монтажа на п...

Најчитани неделава