Станот во кој Обама живеел во '80-тите

Пред да студира право, да се пресели во Чикаго, да се ожени со Мишел и да ја започне својата политичка кариера која ќе го направи претседател на САД, во средината на '80-тите, Барак Обама живеел во Бруклин.

stanot-vo-koj-obama-ziveel-vo-80tite-001.jpg

Иако сите најмногу го поврзуваат со Чикаго, сепак во '80-тите тој еден период живеел на последниот спрат во убавa кафеава зграда во Бруклин, Њуjорк.

Зградата е сега на продажба и вреди 4,3 милиони долари. Зградата содржи прекрасни историски елементи, дневни соби во Викторијански стил и 4 богато декорирани камини. Исто така има поглед на преубава градина со трпезарија каде што има многу место за седење.

Спратот каде живеел Обама има 3 спални соби и тоалет, а дневната соба се наоѓала еден спрат подолу каде што ја делеле повеќе луѓе. Спратот веќе неколку пати бил издаван откако тој станал претседател, а сега веќе е и на продажба.

Зградата била изградена во '20-тите и тоа може добро да се забележи на фасадата на која се зачувани сите архитектски детали од тој период. Сепак кујната е речиси нова и целосно реновирана, додека бањата е класична од периодот на 20тите.

Како денес изгледа просторот во кој Обама живеел како млад?

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Во домот на Љупка Митрова: Када во дневната наместо трпезариска маса и големи прозорци со поглед кон... „Јас сè сама пазарев. Со сите мајстори седев - oд лепење плочки, до монтажа на п...
Во дворот од 200m2 на Бранко во Вевчани: „Мајка ми се грижи за садниците, сама прави вазни од цемент... „Од дворот се гледа Охридското Езеро. Во еден дел има садници за кои се гри...
На гости кај Тоше во струшко Вишни: Реновирана викендичка од 1926-та со рајско дворче, во село со 20... „Куќата, каде што е роден татко ми, е изградена во 1926 година од каме...
На гости кај Александра и Стефан: Модерен стан во Скопје е како сцена од новогодишна бајка (фото) „Убедливо тврдам дека нема поубав период во годината од овој. За време на празни...
На гости кај новинарката Офелија Димковска: Уметнички дом со силни бои, впечатливи детали и многу цв... Грамофонски плочи, секогаш свежо цвеќе, особено лалиња, декорации пред празницит...

Најчитани неделава