Магичното детско игралиште креирано од Гео-Инг

Пирати, принцези, лоши вештерки сите тие може да оживеат во фантазијата на децата со куќичките на Гео-инг. Секое дете сака свое катче, место каде ќе го создава својот свет. Играњето надвор е особено здраво за децата сметаат здравствените експерти. Таму тоа ќе ја развива својата фантазија и ќе се чувствува сигурно. Преку играта се развива моториката на децата, се подобрува концентрацијата, а се развиваат и нивните креативни потенцијали. Тоа им помага полесно да ги совладуваат препреките, да стекнат поголема самодоверба.

magicnoto-detsko-igraliste-kreirano-od-geo-ing-01.jpg

Детската игра е најважна за психофизичкиот развој на децата.

Токму поради тоа, последниве години се повеќе семејства кои живеат во куќа и имаат двор, се решаваат за детски игралишта со лулашки изработени од дрво.  

magicnoto-detsko-igraliste-kreirano-od-geo-ing-1.jpg

Изборот на креирани детски куќичка со лизгалка и лулашки, е навистина голем ,со различни детали создадени според желбите на своите деца.

Родителите стануваат се повеќе свесни за тоа дека нивните најмили не може да седат цело време затворени дома покрај компјутер, таблет или на телефон и дека таквиот начин на живот не е здрав, и создава мрзеливи, несигурни, и не социјализирани деца.

magicnoto-detsko-igraliste-kreirano-od-geo-ing-2.jpg

Со детските игралишта во дворот тие им овозможуваат повеќе време да играат надвор, да им доаѓаат другарчиња, да бидат посреќни и безгрижни.  

magicnoto-detsko-igraliste-kreirano-od-geo-ing-3.jpg

Кај нас во последно време е се поголем интересот за изградба на игралишта со лулашки во дворот велат од компанијата Гео-Инг. Игралиштата што ги создава компанијата Гео-Инг се безбедни изработени од квалитетно дрво, по дизајн прилагоден на желбите на децата и нивните родители. Компанијата изработува и саемски куќарки, како и мали куќички за домашните миленичиња.

magicnoto-detsko-igraliste-kreirano-od-geo-ing-4.jpg

Игралиштата изработени од дрво се стабилни, долговечни, а исто така не треба да се заборави и нивната естетска вредност. Квалитетот на дрвото како градежен материјал е неоспорен, и доколку дрвото правилно се одржува, животниот век е многу долг. А градењето со дрво е работа на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

magicnoto-detsko-igraliste-kreirano-od-geo-ing-5.jpg

magicnoto-detsko-igraliste-kreirano-od-geo-ing-6.jpg

Би можело да ве интересира:

На гости кај Данче: Семејна куќа во Струмица каде просторот „дише“, а се чисти со сода и оцет, како ... „Нашата куќа е од типот на куќи во низа и едната страна е на исток – дневниот пр...
Марија-Магдалена од Битола, самохрана мајка, урна стара куќа на село и крена нова од темел: „Ми треб... „Има мајстори кои те потценуваат зашто си жена. Ти објаснуваат како „треба“...
На гости кај Елена и Петар: Стан од 51m2 во Карпош, во светли тонови со акцент на тиркизна боја и др... „Како двајца млади ентузијасти со изострен вкус, создадовме топол и функционален...
Луѓе ги покажуваат уникатните детали во нивните домови (што ги направиле сами) „Ја офарбав влезната врата розова и секогаш ме расположува кога ќе ја видам“. ...
Домот на Нина Бадриќ на Хвар е како од бајка - Рустична камена куќа со тиркизни детали и медитеранск... Однадвор сè е изработено од камен и во рустичен стил, а внатре доминира медитера...

Најчитани неделава