Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Најпосакуваните соби на Инстаграм

Некои соби едноставно имаат X-фактор. Тешко е за објаснување, а уште потешко за реплицирање, но просторите прикажани на фотографиите во продолжение, едноставно нудат безгрижно живеење, секојдвевна елеганција и истанчен стил.

najposakuvanite-sobi-na-instagram-001.jpg

Овие простори не изгледаат предизајнирано, ниту пак пренатрупано. На прв поглед може да делуваат како да се составени по избор на случајност, но всушност посветено е внимание на секој детаљ. Тоа е убавината на одличниот дизајн.

Сите прикажани соби се многу популарни на Инстаграм, а од сликите може да се види и зошто. Иако на прв поглед изгледа како да се неостварливи, знаеме дека не е тешко да се постигне нивна имитација.

Дневна соба цела обоена во бело

Формулата: сѐ е обоено во бела боја, екстра длабока секција на гарнитурата за ултимативно уживање, долга комода со многу простор за складирање и украсување, плус дополнителни места за седење во контрастни бои и сјаен бронзен лустер – тоа се главните акценти на оваа соба.

Крајниот резултат е лежерна дневна соба.

Минималистичката спална соба

„Сè додека Рајан Гослинг не е вклучен во сценариото на оваа спална соба, не може да биде пожешко“, стои во една од изјавите на социјалните мрежи. А, изгледа дека уште 14.500 луѓе се сложуваат, според „лајковите’ на Инстаграм.

Се сведува на едноставноста. Нискиот елегантен кревет е поставен на луксузен тепих. Белите ѕидови и истакнувачкиот стол ја дополнуваат атмосферата во собата.

Кујната на готвачот

Ако има едно нешто кое посебно го сакаме кај оваа кујна покрај сѐ останато, тоа се белите плочки со кои се обложени ѕидовите сѐ до таванот. Друг интересен детаљ се отворените дрвени полици и античките садови.

Заклучокот од оваа соба е да се држиме до белата боја и дрвените тонови.

Драматичната дневна соба

Оваа шпанска дневна соба ги освои нашите срца. Главниот акцент го даваат гредите на таванот, медитеранскиот тепих и одлично избраниот мебел.

Бањата во куќата на плажа

Повеќе од 18.000 инстаграмџии сакаат да уживаат во оваа бања. Иако не е голема, нуди совршен стил и буди вибрации. Посебен шмек даваат декоративните крпи.

Стан во центарот на градот

Тешко е да избере што најмногу ни се допаѓа во овој апарман на два спрата – ѕидот со тули, големата количина на природна светлина, „винтиџ“ тепихот или уникатните и едноставни столови.

Скандинавската спална соба

Оваа спална соба има повеќе од 10.000 допаѓања на Инстаграм и уште 78.000 „репинови“ на Pinterest. Скандинавскиот стил на уредување секогаш бил во мода, па така е и денес.

Собата за гледање филмови и опуштање

Денско опуштање со добра книга или ноќ исполнета со гледање филмови во оваа релаксирана соба? Кој не би посакал. Посебен шмек на собата и даваат отоманските детали и турскиот килим.

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Боинг 737 претворен во луксузна вила со прекрасен поглед - би се сместиле ли тука? На врвот на карпата во близина на плажа во Бали се наоѓа авион. И не, не е таков...
На гости кај Пале: Стан од 116m2 во Струмица во класичен стил со драпери, мебел од цреша и раскошни... „Цели 28 години живеевме во куќата на мојот сопруг, заедно со нашите две деца. Н...
На гости кај Ивана Нуне: Куќа во Скопје со доминација на црно и двор од 100m2 „Досега живеевме во стан, но желбата куќа со двор и место за релаксација, каде ш...
6 локали во Прилеп со пријатна атмосфера (за кафе, храна или опуштено дружење) Ако патот ве одведе накај Прилеп и не знаете каде да испиете кафе, да каснете не...
Во домот на битолчанецот Сашо на Флорида: Куќа со базен, 5 спални соби и околу 400 растенија „Ова е голема куќа со 5 спални соби, гаража за 3 возила, посебна просторија за д...
Џенифер Гарнер го покажа домот каде што Бен Афлек „се криеше“ пред разводот со Лопез - оаза од 8 мил... Гарнер ја изгради куќата во Лос Анџелес по разводот со Афлек пред 6 години - ток...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg