Дали е ова најмалата летна куќичка на Халкидики? (фото)

Оваа мала конструкција била дизајнирана за клиент кој сакал мала куќичка за викенд-одмор на Халкидики, во близина на планината Атос.

dali-e-ova-najmalata-letna-kukjichka-na-halkidiki-foto-01.jpg

Сместена е на одлична локација во близина на поле со маслинови дрвца во близина на Егејското Море. Куќичката е лесна за одржување и од надвор наликува на камп-приколка.

Распоредот внатре, во простор 3 на 7 метри, е поделен на мали соби одвоени со мал ходник. Има просторија за спиење, мала кујна со полици и простор за јадење.

Интересен детаљ се перфорираните ѕидови со необичен дезен кои ги пропуштаат зраците светлина и даваат убав, летен амбиент на целиот простор.

Кој вели дека за одмор се потребни апартмани или скапи хотелски соби?

Погледнете како изгледа оваа мала викенд-куќа на Халкидики:

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

На гости кај Драгана: Стан од 65m2 во скопската населба Хром, со елегантна нота и доминација на теге... „Во домот доминираат златни и тегет тонови, кои создаваат елегантна, но пријатна...
Локал во близина на Скопје каде ќе гледате јавање коњи, додека пиете кафе и ручате Во село Волково во склоп на коњички клуб, се наоѓа локал кој ќе ви биде совршено...
„Култура“ е нов урбан локал во Скопје - со тепихот од баба, миље, плочи и кул написи на кирилица Локал со душа, винтиџ нота, но и чувство на едно поинакво Скопје. Културно Скопј...
Рибник со етно амбиент во селото Оморани е рај за сите љубители на природа (фото) На 80 километри од Скопје, покрај реката Бабуна, се наоѓа рибник со мовчиња, цве...
Кафуле во Белград е мини рај со зајчиња - можете да пиете кафе додека ги галите (фото) Ако сакате необично искуство и сте вљубеници во животните, ова кафуле e совршени...
Етно ресторан во природа, на 20km од Скопје, со домашни пити е рај за сите сетила (фото) Зеленило, традиционални даски со домашно ајварче и козји кашкавал, тазе зеленчук...

Најчитани неделава