Забава за сите возрасти: Во Данска се отвори шарената LEGO House

Конечно се отвори долгоочекуваната LEGO House во градот од каде што потекнуваат лего коцките Билунд во Данска.

zabava-za-site-vozrasti-vo-danska-se-otvori-sharenata-lego-house-01.jpg

Креативниот центар се протега на површина од преку 12.000 метри квадратни, а се состои од 12 делови во форма на лего коцки со тераси, наредени една врз друга.

Креативното здание е дело на архитектонското студио BIG, а на архитектите и изведувачите им беа потребни 4 години за да го завршат овој проект.

LEGO House нуди забава за сите возрасти. Се состои од простории за играње, преполни со разни скулптури од лего коцки, три  ресторани и продавница за подароци.

Се очекува креативниот центар годишно да го посетуваат околу 250.000 луѓе.

Ѕирнете во шарената LEGO House која дефинитивно вреди да ја посетите:

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Локал покрај карпа на Тасос е совршен за гледање зајдисонце - има и ноќни журки со диџеи (фото) Ако сакате да гледате совршено зајдисонце во модерна, но релаксирачка атмосфера,...

Најчитани неделава