Шик хотел во Париз создаден за сите љубители на книгите

Кој љубител на литературата не би сакал да му носат книги директно во хотелската соба?

shik-hotel-vo-pariz-sozdaden-za-site-ljubiteli-na-knigite-01.jpg

Париз отсекогаш претставувал лулка на книжевноста и уметноста севкупно, па денешниот Le Pavillon Des Letres е шик хотел инспириран токму од книгите.

Хотелот има 26 соби и секоја од нив носи име на некој познат писател – Жан Жак Русо, Вирџинија Вулф итн.

Во собите има извадоци од познати книги напишани на ѕидовите, а гостите во секое време може да нарачаат книга која ќе им биде донесена во нивната соба.

Хотелот е сместен во типична Париска населба, опкружен со кафулиња и бутици.

Во холот има полици исполнети со книги кои гостите може да ги читаат додека се топлат на каминот.

Погледнете како изгледа овој прекрасен „книжевен“ хотел во еден од најубавите градови во светот:

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рибник со етно амбиент во селото Оморани е рај за сите љубители на природа (фото) На 80 километри од Скопје, покрај реката Бабуна, се наоѓа рибник со мовчиња, цве...
Розов хотел на Ибица е рај за инстаграмџики - како куќата на Барби во реалноста (фото) Ова е еден од најфотографираните хотели на Ибица и е вистински инстаграмџиски ра...
Најубавите железнички станици во светот - ќе посакате веднаш да седнете во воз и да тргнете на патув... Дали некогаш сте виделе железничка станица која ќе ве врати е неколку века назад...
Кул кафуле во Скопје каде кучињата се добредојдени, а книгите ви се на располагање (фото) Изберете си еден наслов, земете си книга во рака со вашето кафенце, а вашиот мил...

Најчитани неделава