Шармантна колиба од само 7.5 метри квадратни за идеален одмор на планина

Кога постои силна желба да се направи нешто, лесно се наоѓаат начини како тоа може да се оствари.

sharmantna-koliba-od-samo-metri-kvadratni-za-idealen-odmor-na-planina-01.jpg

Фотографката Ала Пономарева и нејзиниот сопруг Гарет отсекогаш сонувале за мала, планинска куќичка, а пред некое време, сонот конечно им се исполнил.

Тие, со помош на дизајнерот Дерек Дидриксен, направиле интересна дрвена колиба во форма на буквата „А“, и тоа за само 3 недели, а за овој проект потрошиле околу 700 долари.

При изградбата користеле рециклирани материјали и делови кои веќе ги имале, како рамки за прозорци и лим за покрив.

Куќичката е со површина од околу 7.5 метри квадратни и има сé што е потребно за краток одмор од секојдневието.

Погледнете како изгледа оваа преслатка дрвена колиба опкружена со зеленило, создадена за мир и уживање:

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ледената Бетика ја покажа дрвената куќарка во природа: „Правена е за моја душа, тука сум своја, слоб... „Мојата душа никогаш не ги разбираше луксузите и палатите. Во оваа дрвена к...

Најчитани неделава