За млада и тренди дама: Фенси стан од 35 метри квадратни (фото)

Добредојдовте во малото женско кралство, кадешто царуваат добриот вкус и стил, а спакувани се во простор со скромна површина.

za-mlada-i-trendi-dama-fensi-mini-stan-od-35-metri-kvadratni-foto-1.png

Младата клиентка сакала максимално функционален ентериер, а со оглед на тоа дека поседува само 35 метри квадратни, главната цел била да се намени секој сантиметар од домот, користејќи ги сите расположливи средства.

Мноштво методи кои се применети при уредувањето на станот, веќе се добро познати и секогаш функционираат. Кога сите ѕидови и таванот се бојадисани во една нијанса, амбиентот е повоздушест, а се создава и ефект на повисок плафон.

za-mlada-i-trendi-dama-fensi-mini-stan-od-35-metri-kvadratni-foto-2.jpg

Во конкретниот случај, преку употреба на светлите тонови, не само за ѕидовите, туку и за мебелот, сите граници во просторот се визуелно стопени, така што станот не изгледа згужвано и задушено, наспроти малата површина.

Потенцијалот на белата боја е искористен до максимум. Целиот дизајн, пак, стилизиран е со пастелни моменти на бела позадина.

za-mlada-i-trendi-dama-fensi-mini-stan-od-35-metri-kvadratni-foto-3.jpg

Големите парчиња мебел, како што се кујнските елементи и гарнитурата во дневниот престој, суптилно се слеваат со ѕидовите, па стануваат речиси невидливи.

Посебно внимание е посветено и на решенијата за складирање, бидејќи станарката е тренди дама со многу гардероба. Не се изоставени ниту декоративните детали, а откако на нејзе ѝ била оставена можност за самоизразување на ѕидот позади софата, тој сега наликува на мини уметничка галерија.

za-mlada-i-trendi-dama-fensi-mini-stan-od-35-metri-kvadratni-foto-4.jpg

Урбано и фенси – ѕирнете низ катчињата на ова префинето станче, кое е вистинска инспирација за модерните девојки:

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Во домот на Љупка Митрова: Када во дневната наместо трпезариска маса и големи прозорци со поглед кон... „Јас сè сама пазарев. Со сите мајстори седев - oд лепење плочки, до монтажа на п...
На гости кај Драгана: Стан од 65m2 во скопската населба Хром, со елегантна нота и доминација на теге... „Во домот доминираат златни и тегет тонови, кои создаваат елегантна, но пријатна...
На гости кај Христина Пан: Од старата плевна на дедо ѝ до совршена викендичка во с. Слепче (фото) „Процесот на градење се одвиваше брзо, но баш кога дојде време за внат...
Во празнично украсениот дом на Ксенија Деспотоска: „Доминира кафеавата боја, но ми фали малку црвено... „Оваа година ни е прва откако се средивме дома, така што ни е и прво украсување,...
Локал во близина на Скопје каде ќе гледате јавање коњи, додека пиете кафе и ручате Во село Волково во склоп на коњички клуб, се наоѓа локал кој ќе ви биде совршено...
Етно ресторан во природа, на 20km од Скопје, со домашни пити е рај за сите сетила (фото) Зеленило, традиционални даски со домашно ајварче и козји кашкавал, тазе зеленчук...

Најчитани неделава