Дизајн за 10-ка: Трособен стан за младо семејство со деца (фото)

Преку миксот на пудресто розова и сива боја, во ентериерот е постигнат воодушевувачки отмен и луксузен ефект.

dizajn-za-10-trosoben-stan-za-mlado-semejstvo-so-deca-foto-1.png

Никогаш не ни е доста од убави и инспиративни простори. Особено кога нудат нови прекрасни идеи, па одново нѐ изненадува креативноста на експертите за внатрешно уредување.

dizajn-za-10-trosoben-stan-za-mlado-semejstvo-so-deca-foto-2.jpg

Трособниот стан што денес ви го прикажуваме е исклучително софистициран, а наменет е младо семејство со деца. Дизајнерката Елена Иванова го скоцкала со внимателен избор на бои, текстури и висококвалитетни материјали, а надополнет со раскошни златни детали.

dizajn-za-10-trosoben-stan-za-mlado-semejstvo-so-deca-foto-3.jpg

За луксузниот амбиент во голема мера е заслужна пастелната палета, која на деликатен начин ги обединува нежните розови и сиви нијанси, но и гламурозните декорации во Арт Деко стил.

dizajn-za-10-trosoben-stan-za-mlado-semejstvo-so-deca-foto-4.jpg

Сè е добро испланирано – од меката гарнитура за седење во дневниот престој, преку мермерниот шанк што ги раздвојува кујната и трпезаријата, па до оригиналните теми на спалната и детската соба.

dizajn-za-10-trosoben-stan-za-mlado-semejstvo-so-deca-foto-5.jpg

Просторот е со вкупна површина од 84 метри квадратни, а за разлика од мноштвото модерни домови, тука не е применет отворен план на распоредот. Покрај споменатите соби, располага и со убава бања, но и посебен гардеробер каде може да се чекори.

dizajn-za-10-trosoben-stan-za-mlado-semejstvo-so-deca-foto-6.jpg

Нашата оценка за неговиот дизајн е чиста 10-ка. Колку би му дале вие? Погледнете ги сите фотки, пред да се одлучите за конечниот одговор:

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

На гости кај Драгана: Стан од 65m2 во скопската населба Хром, со елегантна нота и доминација на теге... „Во домот доминираат златни и тегет тонови, кои создаваат елегантна, но пријатна...
Во новогодишниот дом на Росана: Стан во Црниче, во скандинавски стил - без килими и со многу прозорц... „Главната цел беше да се постигне просторност и комоција, практичен дом во којшт...
Во домот на Љупка Митрова: Када во дневната наместо трпезариска маса и големи прозорци со поглед кон... „Јас сè сама пазарев. Со сите мајстори седев - oд лепење плочки, до монтажа на п...
Марија-Магдалена од Битола, самохрана мајка, урна стара куќа на село и крена нова од темел: „Ми треб... „Има мајстори кои те потценуваат зашто си жена. Ти објаснуваат како „треба“...
На гости кај Данче: Семејна куќа во Струмица каде просторот „дише“, а се чисти со сода и оцет, како ... „Нашата куќа е од типот на куќи во низа и едната страна е на исток – дневниот пр...
На гости кај Елена и Петар: Стан од 51m2 во Карпош, во светли тонови со акцент на тиркизна боја и др... „Како двајца млади ентузијасти со изострен вкус, создадовме топол и функционален...

Најчитани неделава