Најслатката продавница во Лондон нуди уникатни сладоледи обвиени со шеќерна волна (фото)

Доколку вашето омилено јадење е сладолед (да, нè има и такви), многу веројатно е дека новата слатка продавница во Лондон ќе стане местото од вашите соништа.

Unikatni-sladoledi-obvieni-so-shekerna-volna-01.jpg

Milk Train (Млечен воз) е името на најслатката продавница за сладолед лоцирана во Ковент Гарден. Лондон уште еднаш докажува зошто е ставен на листата на најпосакувани патувачки дестинации, токму поради овие инвентивни и неодоливи локали.

Сладоледите се обвиени во облачиња од шеќерна волна со најразновидни додатоци. Ентериерот на продавницата е подеднакво одличен како и изгледот на сладоледите.

Unikatni-sladoledi-obvieni-so-shekerna-volna (1).jpg

Unikatni-sladoledi-obvieni-so-shekerna-volna (2).jpg

Unikatni-sladoledi-obvieni-so-shekerna-volna (3).jpg

Unikatni-sladoledi-obvieni-so-shekerna-volna (4).jpg

„Млечниот воз“ нуди многу различни вкусови, слатки и солени, кои постојано се менуваат и надградуваат согласно вкусот на купувачите. Некои од најинтересните вкусови воопшто не можете да ги поврзете со сладолед, како црно семе, виолетов сладок компир, млеко од роза итн.

Постојат и многу опции без млеко за оние кои се нетолерантни на лактоза. Веројатно, најголемиот предизвик е да се остане само на еден изеден сладолед:

 
 
 
View this post on Instagram
 
 

All aboard this #Friyay train! ?????? . . ?: @barshimonii - ?

A post shared by M I L K ☁ T R A I N (@milktraincafe) on

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ресторан во близина на Крива Паланка, со езерце на 1km од него, е совршен за викенд бегство (фото)  Од вкусни пити до скара, таму ќе уживате во наши традиционални рецепти, ср...
Најубавите есенско украсени локали низ Македонија за 2025 - како од бајка Цвеќиња и дрвја со лисја во жолти и портокалови нијанси, украси со тикви, пампас...
Најубавите железнички станици во светот - ќе посакате веднаш да седнете во воз и да тргнете на патув... Дали некогаш сте виделе железничка станица која ќе ве врати е неколку века назад...
Локал во зеленило во село Брусник е совршено викенд бегство - рај за вљубениците во природа (фото) Aко сте од оние луѓе кои знаат да уживаат во песната на птиците, во пејзаж со не...
Кул кафуле со црвен ентериер и париски шмек во центарот на Скопје (фото) Во центарот на Скопје има мал урбан локал, обоен во црвено, кој е вистински инст...
Рибник во струшко со рајско дворче со зеленило е совршено викенд бегство (фото) Во овој локал среде природа времето тече побавно, храната е домашна, а природата...

Најчитани неделава