Ѕирнете во луксузната вила на Ибица каде летуваа Хари и Меган со синчето

Кралскиот пар го помина својот прв семеен одмор во комплексот луксузни вили Vista Alegre во Ибица. Меган и Хари стигнале до островот со приватен авион, а потоа биле однесени до одморалиштето со автомобил.

dzirnete-vo-luksuznata-vila-na-ibica-kade-shto-letuvaa-megan-i-hari-01.jpg

Локалните жители забележале дека обезбедувањето е засилено за време на престојот на кралското семејство.

Наводно, ова место било како „игралиште за милијардерите“, па безбедносните компании добро се грижеле за нив.

За да отседнувате во една од вилите ќе ви бидат потребни над 25.000 фунти неделно. Во најскапата вила, Sa Calma, една недела ќе ве чини 120.000 фунти, а токму овде имаат престојувано познатите како Дејвид Гета и Пол Мекартни.

За гостите достапен е и базен од 50 метри, готвач, келнер, како и личен шофер. Како ова да не е доволно, посетителите можат да најмат и батлер, јога инструктор и личен тренер.

Погледнете како изгледаат вилите кои Меган и Хари ги одбраа за првиот семеен одмор со синчето Арчи:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Розов хотел на Ибица е рај за инстаграмџики - како куќата на Барби во реалноста (фото) Ова е еден од најфотографираните хотели на Ибица и е вистински инстаграмџиски ра...

Најчитани неделава