Дрвена шумска куќичка која не би ја напуштиле со денови – идеално бегство од градскиот метеж

Ладните, есенски денови се измислени за бегство во природа, а оваа куќичка скриена во шума е идеален избор за секого.

drvena-shumska-kukjichka-vo-koja-bi-posakale-da-se-skriete-i-da-ne-ja-napushtite-so-denovi-01.jpg

Љубителите на природа уживаат во нејзините убавини во секој период од годината, но есента создава посебна магична глетка на која никој не може да одолее.

Токму затоа, како идеално сценарио за есенски-зимски одмор замислуваме дрвени куќички, со поглед во природа, а во внатрешноста замислуваме како слушаме „пуцкање“ на огнот од каминот, многу ќебенца и топла атмосфера.

Токму такви карактеристики има оваа прекрасна дрвена куќичка во Вашингтон, изградена од Џејкоб Вицлинг и Сара Андервуд, кои сакале да создадат скриена оаза во шума.

Тие за свој дом одбрале токму ваква куќичка, но градат повеќе слични дрвени куќички. Засега уште нема можност за резервации, но кога ќе го завршат проектот, не се сомневаме дека ќе бидат пребукирани.

Во куќичките има кујна, мини дневна соба, кревет на поткровје и огромни прозорци од сите страни, а ентериерот е топло уреден.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ледената Бетика ја покажа дрвената куќарка во природа: „Правена е за моја душа, тука сум своја, слоб... „Мојата душа никогаш не ги разбираше луксузите и палатите. Во оваа дрвена к...

Најчитани неделава