Балдахин и винтиџ детали: Во стилскиот дом на Илариа Кирилов од Куманово (фото)

Во домот на Илариа доловен е гламурот од минатото со помош на кадифени перничиња, винтиџ ламби, рачно резбани парчиња мебел и огледала со рамки од масивно дрво.

baldahin-i-vitnidz-detali-vo-stilskiot-dom-na-ilaria-kirilov-od-kumanovo-foto-01.jpg

Илариа Кирилов од Куманово е 22-годишна студентка на Факултетот за моден дизајн и уметност, која во слободно време се занимава со моделинг.

Нејзиниот дом во Куманово е уреден во впечатлив винтиџ стил. Во него има рачно резбан мебел обложен со кадифе и кревет со балдахин, кои со себе го носат гламурот од минатото.

За својот дом Илариа вели:

„Мојот дом е место каде што смеењето и доброто расположение се најчесто присутни. Тука ја наоѓам среќата и топлината.

baldahin-i-vitnidz-detali-vo-stilskiot-dom-na-ilaria-kirilov-od-kumanovo-foto-03.jpeg

Да, семејството го прави домот. Местото каде што секој предмет што е ставен со многу љубов зборува колку тоа место е посебно. Каде и да одам , што и да правам на крајот на денот ми е потребен мојот дом. 

baldahin-i-vitnidz-detali-vo-stilskiot-dom-na-ilaria-kirilov-od-kumanovo-foto-06.jpeg

Место каде што наоѓам мир, каде што постојат спомените од моето детство, место каде што некој ме чека.  

baldahin-i-vitnidz-detali-vo-stilskiot-dom-na-ilaria-kirilov-od-kumanovo-foto-07.jpeg

Потекнувам од семејство во кое смислата за убаво е присутна во сите пори на животот. Во уредувањето на домот, во начинот на исхрана и, се разбира, во мојата идна професија.

baldahin-i-vitnidz-detali-vo-stilskiot-dom-na-ilaria-kirilov-od-kumanovo-foto-02.jpeg

Омилено катче ми е работната маса, тука влегувам во мојот омилен свет. Светот на дизајнот и модата. Моментов кој го живееме ќе има сигурно многу негативни последици, но кај мене имаше позитивен ефект.

baldahin-i-vitnidz-detali-vo-stilskiot-dom-na-ilaria-kirilov-od-kumanovo-foto-05.jpeg

Уживам во малите секојдневни работи што значат живот. Готвењето, декорирањето, поминувањето многу повеќе време со семејството, тоа е она во кое наоѓам вистинско задоволство.“

baldahin-i-vitnidz-detali-vo-stilskiot-dom-na-ilaria-kirilov-od-kumanovo-foto-04.jpeg

Во домот на Илариа Кирилов:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

На гости кај Николина во Германија: Дом на Битолчанка со прозорци под плафонот и поглед кон зеленило... „Станот е 70m2 и се наоѓа во центарот на градот, на приземје, но со посебен влез...
На гости кај Љупка: Стан во Струмица од 140m2 со луксузни детали во сребрена боја (фото) „Од шивачките машини на баба ми направив трпезариска маса на која сум горда, а о...
На гости кај Кристина и Ѓоко: Стан во Скопје со „хармоника“ врата и предмети наследени од баба и дед... „Отсекогаш знаев дека еден ден кога ќе имам сопствено живеалиште ќе сакам да дом...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg