Во домот на Кате од Битола: „Цвеќињата ми се омилените детали во домот“

Розовите цвеќиња нејзината мала тераса ја претвораат во совршено место за пиење на утринското кафе. На гости кај Кате од Битола...

vo-domot-na-kate-od-bitola-cvekjinjata-mi-se-omilenite-detali-vo-domot-01.jpg

Катерина Јовановска (34)  од Битола преку фотографии ни дозволува да ѕирнеме во нејзиниот дом.

За CRNOBELO.com, таа открива од каде идејата за уредувањето:

„Желбата за уредување и декорација ја имам уште од мала, а главна причина е тоа што сѐ сакам да биде скоцкано и на свое место.

vo-domot-na-kate-od-bitola-cvekjinjata-mi-se-omilenite-detali-vo-domot-07.jpg

Кога го купивме станот со сопругот,уредувањето ми беше предизвик за да создадеме удобен и функционален дом.

vo-domot-na-kate-od-bitola-cvekjinjata-mi-se-omilenite-detali-vo-domot-03.jpg

Омилен дел во домот ми е дневниот престој, кој е со отворен стил на уредување и најголемиот дел од времето го поминуваме тука. Мебелот е изработен по мерка и сѐ е заедничка замисла со сопругот, а другите детали се мое задолжение. Уредувањето одеше чекор по чекор и секој детаљ си го доби постепено местото.

vo-domot-na-kate-od-bitola-cvekjinjata-mi-se-omilenite-detali-vo-domot-05.jpg

Повремено сакам да правам мали промени со нови украси, рамки за слики, перничиња и слично. Исто така сум голем љубител на цвеќиња и тие ми се од поомилените детали во домот.

vo-domot-na-kate-od-bitola-cvekjinjata-mi-se-omilenite-detali-vo-domot-02.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

На гости кај Сандра: Стилски уредена куќа во Скопје со маслинови дрвца и бохо детали (фото) „Кујната е со црни вградливи елементи, црн гранитен мијалник и скриен фрижидер. ...
Локал во Велес со модерен ентериер и префинети детали (фото) Наше, а светско! Локал во Велес со кожени кревети, ѕид од тули, впечатливи лусте...
Локал во близина на Битола е есенска бајка со лулашка, тикви и цвеќе (фото) Атмосферата во овој локал во близина на Битола, во пазувите на планината Баба, ќ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg