Во домот на Александра и Горан: Семејна куќа во Скопје во која амбиентот „има душа“ и личен печат

Горан се надоврзува: ‘Јас сум графички дизајнер. Естетиката ни е многу важна, ни се допаѓаат исти работи, неочекувани комбинации на бои и уникатни решенија. Сакаме топла атмосфера, отворен простор и функционалност.

И двајцата сакаме да готвиме, па кујната ни е омилено катче. Библиотеката зазема значајно место во дневниот простор, а горди сме и на шанкот.


Големо внимание обрнавме и на осветлувањето, особено во трпезаријата, која е поврзана со дневната и кујната, но нема доволно природна светлина.

Решението кое го избравме, различните светла и плафонот од плексиглас само го заокружи целиот концепт и создаде многу пријатна атмосфера.

Имаме уште многу работа во куќата, следниот проект е уредување на работната соба и веќе се договоривме како ќе изгледа, уште да почнеме со реализација.“
