Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


На гости кај Ивана од Битола: Стан од 63m2 со доминација на сивата боја и жолти детали (фото)

„Омилено катче ми е нашата тераса, која ја уредивме во медитерански стил, кој постојано нѐ навраќа на нашите прекрасни спомени од летните одмори“, раскажува 32-годишната Ивана од Битола.

na-gosti-kaj-ivana-od-bitola-stan-od-63m2-so-dominacija-na-sivata-boja-i-zholti-detali-foto-01.jpg

Ивана Сазданова Илиевска (32) од Битола е магистер по фармација и работи во аптека.

Нејзиниот стан се наоѓа во близина на центарот на Битола, а сепак е доволно оддалечен од градскиот метеж.

За уредувањето на нејзиниот стан таа открива за CRNOBELO.com:

„Станот има површина од 63м2 и се наоѓа на 4ти кат, со прекрасен поглед кон исток. Се состои од простран дневен престој во чиј составен дел спаѓаат трпезарија и кујна одделена со шанк.

na-gosti-kaj-ivana-od-bitola-stan-od-63m2-so-dominacija-na-sivata-boja-i-zholti-detali-foto-02_1.jpg

Станот го уредивме заедно со сопругот, секако во консултација со мајсторите, што го изработуваа мебелот по мерка со цел замислената идеја да биде функционална. 

na-gosti-kaj-ivana-od-bitola-stan-od-63m2-so-dominacija-na-sivata-boja-i-zholti-detali-foto-19.jpg

Вљубеници сме во минималистичкиот концепт на скандинавскиот стил, така што во целиот стан доминира белата боја во комбинација со дрво.

na-gosti-kaj-ivana-od-bitola-stan-od-63m2-so-dominacija-na-sivata-boja-i-zholti-detali-foto-15.jpg

na-gosti-kaj-ivana-od-bitola-stan-od-63m2-so-dominacija-na-sivata-boja-i-zholti-detali-foto-12.jpg

Од самиот старт имавме јасна замисла и визија како ќе изгледа станот, па изборот на материјали за изработка на мебелот по мерка воопшто не ни претставуваше проблем.

na-gosti-kaj-ivana-od-bitola-stan-od-63m2-so-dominacija-na-sivata-boja-i-zholti-detali-foto-20.jpg

За изработка на кујната избравме бел медијапан со висок сјај во комбинација со облагородена иверка во боја на дрво. Се одлучивме да не ставаме рачки на елементите од кујната со цел да се задржи нејзината едноставност и да не доминира во просторот.

na-gosti-kaj-ivana-od-bitola-stan-od-63m2-so-dominacija-na-sivata-boja-i-zholti-detali-foto-16.jpg

ТВ комодата и трпезариската маса го следат истиот стил. Целокупниот изглед е заокружен со удобна аголна гарнитура во неутрална сива боја.

na-gosti-kaj-ivana-od-bitola-stan-od-63m2-so-dominacija-na-sivata-boja-i-zholti-detali-foto-11.jpg

Станот изобилува со природна светлина во текот на целиот ден и затоа се одлучивме да не ставаме завеси. За деталите во домот сум секако задолжена јас.

na-gosti-kaj-ivana-od-bitola-stan-od-63m2-so-dominacija-na-sivata-boja-i-zholti-detali-foto-03.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

На гости кај Ангела: Стан од 60m2 во Капиштец, со кујна во пастелно зелена боја и уникатни декорации... „Како архитект секогаш сум инспирирана од геометријата и модерната уметност на п...
На гости кај Валентина: Стан во Прилеп од 89m2 со многу огледала и семејни спомени (фото) „Во овој стан живеам 18 години и досега сум го преуредила че...
На гости кај Никола: Стан во Скопје со Halloween украси, „направи сам“ камин и многу цвеќиња (фото) „Скоро секоја сезона подготвувам по еден настан. Така оваа есен подготовките беа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg