На гости кај Ивана од Битола: Стан од 63m2 со доминација на сивата боја и жолти детали (фото)

Многу сакам да менувам па често пати прераспоредувам. Сакам кога секое ќоше има своја приказна. 

na-gosti-kaj-ivana-od-bitola-stan-od-63m2-so-dominacija-na-sivata-boja-i-zholti-detali-foto-17.jpg

Сѐ уште имаме доста работи кои ни недостасуваат во дневниот престој, кои ги ставивме на пауза поради пандемијата, како што се избор на соодветен тепих и уметнички слики кои ќе го дадат завршниот збор во целокупниот изглед.

na-gosti-kaj-ivana-od-bitola-stan-od-63m2-so-dominacija-na-sivata-boja-i-zholti-detali-foto-13.jpg

Ходникот е максимално искористен со вграден мултифункционален плакар од под до плафон кој ги собира сите работи кои се потребни во едно домаќинство и придонесува сѐ да изгледа уредно и чисто.

na-gosti-kaj-ivana-od-bitola-stan-od-63m2-so-dominacija-na-sivata-boja-i-zholti-detali-foto-22.jpg

Просторот во спалната исто така е максимално искористен со голем лизгачки плакар, фиокар и брачен кревет по мерка со  простор за складирање.

na-gosti-kaj-ivana-od-bitola-stan-od-63m2-so-dominacija-na-sivata-boja-i-zholti-detali-foto-24.jpg

Бањата е мала по квадратура, но доволно ни беше да има стандардна туш кабина, комода под мијалникот и шкафче со огледало кое ќе ја собере потребната козметика.

na-gosti-kaj-ivana-od-bitola-stan-od-63m2-so-dominacija-na-sivata-boja-i-zholti-detali-foto-23.jpg

Омилено катче ни е нашата тераса која ја уредивме во медитерански стил кој нѐ навраќа на нашите прекрасно поминати летни одмори.“

na-gosti-kaj-ivana-od-bitola-stan-od-63m2-so-dominacija-na-sivata-boja-i-zholti-detali-foto-27.jpg

na-gosti-kaj-ivana-od-bitola-stan-od-63m2-so-dominacija-na-sivata-boja-i-zholti-detali-foto-07_1.jpg

Повеќе фотки од домот на Ивана на следната страна...


Би можело да ве интересира:

На гости кај Драгана: Стан од 65m2 во скопската населба Хром, со елегантна нота и доминација на теге... „Во домот доминираат златни и тегет тонови, кои создаваат елегантна, но пријатна...
На гости кај Христина Пан: Од старата плевна на дедо ѝ до совршена викендичка во с. Слепче (фото) „Процесот на градење се одвиваше брзо, но баш кога дојде време за внат...
На гости кај Елена и Петар: Стан од 51m2 во Карпош, во светли тонови со акцент на тиркизна боја и др... „Како двајца млади ентузијасти со изострен вкус, создадовме топол и функционален...
Во домот на Љупка Митрова: Када во дневната наместо трпезариска маса и големи прозорци со поглед кон... „Јас сè сама пазарев. Со сите мајстори седев - oд лепење плочки, до монтажа на п...
На гости кај Латифа на баклава: Стан во скопски Сарај од 111m², со впечатливи бои и детали со тексту... „Празничната маса со мермерен принт и крем столици ја уредив со златни и жолти д...
Локал во близина на Скопје каде ќе гледате јавање коњи, додека пиете кафе и ручате Во село Волково во склоп на коњички клуб, се наоѓа локал кој ќе ви биде совршено...

Најчитани неделава