На гости кај Емран: „Погледот од мојата тераса во Ростуше е спектакуларен, а Дуфскиот Водопад ми е на 1 километар“

Впечатлива е и старата џамија која е сместена во самото село Ростуше. Тука е и преубавата река Радика, која е најголема притока на реката Црн Дрим.

na-gosti-kaj-emran-pogledot-od-mojata-terasa-vo-rostushe-e-spektakularen-a-dufskiot-vodopad-mi-e-na-1-kilometar-18.jpg

Специфично за нашиот крај е тоа што народот е многу гостопримлив топол и мирен, но за жал познат е и по тоа што дури повеќе од 60% e иселен во европските држави и моментално во Ростуше живеат само околу 500 луѓе, а на целата територија на општина Маврово и Ростуше околу 4.000.

na-gosti-kaj-emran-pogledot-od-mojata-terasa-vo-rostushe-e-spektakularen-a-dufskiot-vodopad-mi-e-na-1-kilometar-14.jpg

Најубав период да се посети Ростуше дефинитивно е месец август поради тоа што сите иселеници во Европа се враќаат дома во своите домови и буквално секој ден се организираат секаков вид на манифестации, традиционални свадби и прослави кои траат цел месец.

na-gosti-kaj-emran-pogledot-od-mojata-terasa-vo-rostushe-e-spektakularen-a-dufskiot-vodopad-mi-e-na-1-kilometar-15.jpg

Нашата држава поседува навистина скапоцени места коишто треба да ги милуваме и негуваме во текот на целата година, а едно од нив е мојот роден крај Ростуше.“

Повеќе фотки од погледот од терасата на Емран:

na-gosti-kaj-emran-pogledot-od-mojata-terasa-vo-rostushe-e-spektakularen-a-dufskiot-vodopad-mi-e-na-1-kilometar-09.jpg

na-gosti-kaj-emran-pogledot-od-mojata-terasa-vo-rostushe-e-spektakularen-a-dufskiot-vodopad-mi-e-na-1-kilometar-07.jpg

na-gosti-kaj-emran-pogledot-od-mojata-terasa-vo-rostushe-e-spektakularen-a-dufskiot-vodopad-mi-e-na-1-kilometar-19.jpg

na-gosti-kaj-emran-pogledot-od-mojata-terasa-vo-rostushe-e-spektakularen-a-dufskiot-vodopad-mi-e-na-1-kilometar-12.jpg

na-gosti-kaj-emran-pogledot-od-mojata-terasa-vo-rostushe-e-spektakularen-a-dufskiot-vodopad-mi-e-na-1-kilometar-06.jpg

na-gosti-kaj-emran-pogledot-od-mojata-terasa-vo-rostushe-e-spektakularen-a-dufskiot-vodopad-mi-e-na-1-kilometar-05.jpg

© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Кафуле во Старата скопска чаршија со графит од Венеција е сцена од сказните (фото) Кога сте за турско кафе со локумче и наргиле, тогаш овој локал во Старата скопск...
На гости кај Иџе: Стан во „Аеродром“ со големи прозорци, поглед на Вардар и тиркизни детали „Станот го уредував јас пред неколку години, кога се вратив од трка по крајот на...
На гости кај Христина: Стан во Скопје од 80m2 уреден во минималистички стил со елементи од орев „Сакавме отворен простор со многу светлина, едноставен, со класичен, минималисти...
Не е Лапонија, Скопје е – Иглу сместување среде дивина со поглед на Езерото Козјак (фото) Спална со кревет под ѕвездите, прво утринско кафе среде дивина, па дури и тушира...
На гости кај Марјан Бранко во Влае: Стан од 47m2 уреден со цигли, рустични детали и минимално осветл... „Сандакот помеѓу двоседот и фотелјата е парче старо повеќе од 70 години, нерепар...
Во домот на семејството Јовановски: Стан од 70m2 во центарот на Битола со земјени тонови и златни де... „Во нашиот ентериер внесовме земјени тонови како песок боја, нијанси на крем, на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg