На гости кај Емран: „Погледот од мојата тераса во Ростуше е спектакуларен, а Дуфскиот Водопад ми е на 1 километар“

Семејната куќа на Емран Сејдиу (25) е на само еден километар од Дуфскиот Водопад, а погледот од неговата тераса е директно кон планината Бистра. Тој за CRNOBELO.com споделува зошто го обожава својот роден крај…

na-gosti-kaj-emran-pogledot-od-mojata-terasa-vo-rostushe-e-spektakularen-a-dufskiot-vodopad-mi-e-na-1-kilometar-01.jpg

Семејната куќа на Емран Сејдиу (25) е на само еден километар од Дуфскиот Водопад, а погледот од неговата тераса е директно кон планината Бистра.

Емран Сејдиу е роден во Гостивар и до 18 години живеел и учел основно и средно училиште во Ростуше.

По завршување на средно се запишал на студии во Скопје на Балканскиот Универзитет на економски науки, каде што дипломирал и сега работи во компанија за транспорт и логистика.

Но, иако живее во Скопје вели дека најголемо задоволство му се миговите минати во релаксација во Ростуше.

За CRNOBELO.com Емран открива зошто го обожава Ростуше:

„Викаат кај и да оди човек, што и да прави сепак дома си е дома, па така и јас се трудам барем 2 пати месечно да си одам дома во Ростуше, да одморам, прошетам, да ги посетам моите коишто уште активно живеат и работат во Ростуше и секако да ги посетам преубавите места по кои ова село е познато.

na-gosti-kaj-emran-pogledot-od-mojata-terasa-vo-rostushe-e-spektakularen-a-dufskiot-vodopad-mi-e-na-1-kilometar-13.jpg

Омилен ми е спектакуларниот поглед од мојата тераса, а го обожавам и познатиот Дуфски Водопад, кој е на само еден километар од мојот дом.

na-gosti-kaj-emran-pogledot-od-mojata-terasa-vo-rostushe-e-spektakularen-a-dufskiot-vodopad-mi-e-na-1-kilometar-11.jpg

Најмногу што ме опушта е погледот од мојата тераса кон планината Бистра која целосно се гледа и е преубава во сите годишни времиња, а особено во пролет кога сè е зелено. Тука секое утро со задоволство пијам кафе и појадувам.

na-gosti-kaj-emran-pogledot-od-mojata-terasa-vo-rostushe-e-spektakularen-a-dufskiot-vodopad-mi-e-na-1-kilometar-08.jpg

Инаку, Ростуше е село во Западна Македонија, сместено во Долна Река, после Маврово за патот кон Дебар.

na-gosti-kaj-emran-pogledot-od-mojata-terasa-vo-rostushe-e-spektakularen-a-dufskiot-vodopad-mi-e-na-1-kilometar-110.jpg

Нашиот крај може да се пофали со многу работи, дел од нив се како што споменав Дуфскиот Водопад, кој топло го препорачувам особено летно време за разладување. Во тој период го посетуваат навистина многу луѓе.

na-gosti-kaj-emran-pogledot-od-mojata-terasa-vo-rostushe-e-spektakularen-a-dufskiot-vodopad-mi-e-na-1-kilometar-20.jpg

na-gosti-kaj-emran-pogledot-od-mojata-terasa-vo-rostushe-e-spektakularen-a-dufskiot-vodopad-mi-e-na-1-kilometar-17.jpg

Исто така, морам да напоменам дека блиску е и Манастирот Свети Јован Бигорски, кој е буквално еден од најпознатите манастири во Балканот и Европа и е еден од најстарите и е на само 2 километри од селото Ростуше.

na-gosti-kaj-emran-pogledot-od-mojata-terasa-vo-rostushe-e-spektakularen-a-dufskiot-vodopad-mi-e-na-1-kilometar-19.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

На гости кај Љупка: Стан во Струмица од 140m2 со луксузни детали во сребрена боја (фото) „Од шивачките машини на баба ми направив трпезариска маса на која сум горда, а о...
На гости кај Николина во Германија: Дом на Битолчанка со прозорци под плафонот и поглед кон зеленило... „Станот е 70m2 и се наоѓа во центарот на градот, на приземје, но со посебен влез...
Совршено уреден стан во скандинавски стил на девојка од Полска (фото) Комбинацијата на бела боја и дрво е вистински погодок во топлиот стан на Емилија...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg