На гости кај Љупка: Стан во Струмица од 140m2 со луксузни детали во сребрена боја (фото)
Нашата дневна соба е поделена во неколку катчиња и секое е со свој посебен печат.

Под самиот прозорец се наоѓа отоманчето кој го истапацирав со сребрена еко кожа и фотелјата која е омиленото место на маж ми.

Секое утро овде пиеме кафе со најубавиот поглед во градот – познатиот баир Свети Илија и Царевите кули.

Во домот имаме премногу детали, но сите заедно ја прават душата на нашата „дома“.

Спалната е во многу едноставен стил, но мене енергијата во неа многу ми е пријатна.

Имам многу книги и мое катче каде се кријам од секојдневието и читам, a се разбира тука ми е и катчето за разубавување.
Кујната е вистинско мало царство во мојот дом. Таа е малечка, но многу функционална.
