8 трикови со кои ќе ја освежите кујната со ограничен буџет

Купете кутии за складирање храна и темелно исчистете ги прекинувачите за светилки.

8-trikovi-so-koi-kje-ja-osvezhite-kujnata-so-ogranichen-budzhet-01.jpg

За да го освежите изгледот на кујната, доволно е да обрнете внимание на некои мали работи, притоа без да потрошите цело богатство

Осум трикови кои ќе ви бидат од корист ако сте со ограничен буџет:

Темелно исчистете ги прекинувачите за светло и штекерите

Можеби вие не ни забележувате, но со текот на времето белите штекери и прекинувачи за светилки пожолтуваат, особено оние во кујната.

Ако ги исчистите темелно, веднаш ќе забележите разлика во изгледот на кујната.

8-trikovi-so-koi-kje-ja-osvezhite-kujnata-so-ogranichen-budzhet-02.JPG

Обрнете внимание на работите кои се гледаат

Потрудете се барем работите што се на видно место да изгледаат убаво.

Ако, на пример, зачините ви стојат на видно место, ставете ги во убави садови.

8-trikovi-so-koi-kje-ja-osvezhite-kujnata-so-ogranichen-budzhet-3.jpg

Вложете во чистач на пареа

Кујната секогаш ќе изгледа многу поубаво ако е чиста.

А, можеби наједноставниот начин да ја одржувате блескава е со читач на пареа.

Овие чистачи се практични, не мора да користите средства и генерално отстрануваат и тврдокорни дамки, како оние од масло.

8-trikovi-so-koi-kje-ja-osvezhite-kujnata-so-ogranichen-budzhet-04.jpg

Додајте дополнителен извор на светлина

Дополнителното светло не само што ќе изгледа убаво, туку е и мошне практично.

Можете да ставите извор на светлина над работната маса – дел кој обично е под сенка поради шкафчињата.

8-trikovi-so-koi-kje-ja-osvezhite-kujnata-so-ogranichen-budzhet-05.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 практични и кул парчиња од ТEMU - може да се вклопат во секој дом Мала табуретка за на неа да си ги одморите нозете, украсни полици кои може да сл...
Трикови за пролетно освежување на домот со минимален трошок Украсете ја влезната врата, ставете сад со овошје на трпезариската маса, сменете...
5 ситници за попријатна атмосфера во домот во есен и зима (без да трошите многу пари) За миговите кога се релаксирате, купете евтина столна ламба со жолта сијалица, а...
Практични парчиња мебел со кои и најмалиот дом ќе делува поголем - Што да изберете ако имате мала кв... Мебел кој има двојна намена, на пример ниска рамна фотелја врз која можете и да ...
Грешки во реновирањето на кујната што луѓето ги прават најчесто Ставате преголем кујнски остров и заборавате да ја проверите електричната инстал...
12 луѓе кои со малку труд (и фантазија) ѝ дадоа нов лик на старата кујна „Со сопругот наскоро ќе се преселиме во куќата во која пораснал. Сакаме да смени...

Најчитани неделава