Грешки во реновирањето на кујната што луѓето ги прават најчесто
Ставате преголем кујнски остров и заборавате да ја проверите електричната инсталација ако живеете во постара градба.

Реновирањето не е нешто што се прави секоја година, па кога конечно ќе се одлучите на овој чекор, важно е да избегнете што повеќе грешки.
Кога е во прашање кујната, не треба да само да изгледа убаво – многу поважно е да биде практична, но и да ви трае што е можно подолго.
Дел од најчестите грешки што ги прават луѓето кога ја реновираат кујната:
Ставате преголем кујнски остров
Кујнскиот остров е практично парче мебел, но пред да изберете модел, мора да ја земете предвид големината на вашата кујна.
Нормално е да сакате поголем остров, но ако просторот не ви го дозволува тоа, крајниот резултат ќе изгледа лошо и ќе биде непрактичен.
Пред да ја изберете големината на островот, прво измерете колку простор ќе ви зафатат сите други елементи во кујната.
Не заборавајте дека ќе ви треба и простор за движење.
Го ставате фрижидерот предалеку од мијалникот
Фрижидерот и мијалникот се елементите од кујната што се користат најмногу, па препорачливо е да бидат еден до друг или барем во непосредна близина.
Ова е особено важно ако готвите често бидејќи ќе ви помогне да бидете многу поефикасни.
Не ги менувате електричната инсталација и стариот одвод
Ако реновирате постар дом, мора да обрнете внимание на електричната инсталација и водоводниот систем.
Доколку се премногу застарени и не ги замените, постои поголем ризик да се соочите со проблеми како затнат одвод, расипани електрични апарати, па дури и електричен пожар.
Затоа, првиот чекор во реновирањето на кујната треба да биде проверка на електричната и водната инсталација.
Спојувате стари и нови шкафчиња
Ова е грешка што има повеќе влијание врз естетиката на кујната. Нормално е сакате да заштедите, па да ги искомбинирате старите шкафчиња со нови или генерално да споите стари и нови елементи.
Но, крајниот резултат веројатно нема да изгледа добро, особено ако старите елементи се многу, многу стари.
Во споредба со новите, ќе делуваат уште постаро и поистрошено.
Па, ако ви дозволува буџетот, пробајте да смените што е можно повеќе работи со нови.
Штедите на квалитет
Кујната е дел од домот што најлесно може да се оштети, па важно е да изберете квалитетни материјали.
Држете се до вашиот буџет, но добро истражете и правете избор прво според квалитетот, а потоа според изгледот.
Залудно ќе правите кујна која ќе изгледа убаво ако нема да си служи ни една година пред да се оштети.
Чувате апарати кои се остари од една деценија
Точно е дека некои стари апарати навистина траат вечно, па многу луѓе користат тостер од баба им или шпорет што го наследиле од родителите.
Ако некој апарат е во одлична функција, тогаш слободно задржете го. Но, ако е стар и почнал да ви создава проблеми, секогаш е подобро да го замените со нов.
Не заборавајте и дека поновите електрични апарати генерално имаат помала потрошувачка, па имајте го и ова предвид ако сакате да ги намалите сметките за струја.
Спирова С. | Црнобело